Автомобили > Генерално за Автомобилите
Помош на пат. (Амсм и слично)
Skywalker:
Орикс е за личност врзано.
Diesel:
Од Халк е за возило.
Во колата е, баш ќе го проверам, ама прилично сум сигурен дека е за возилото.
Едит:
Хм… Зошто ми е така увртено во глава? Баш ќе проверам утре.
draganamon:
Не ми е јасно како тоа купувате а не знаете што купувате ?
Купил помош на пат од нептун, купил од банка, а не од бизнис кој работи со коли.
Едни викаат за возило, едни викаат за човек, нема примери дека на некој му помогнале на пат кога му притребало.
Еден не прочитав да каже дека се јавил на телефон и направил муабет со Oryx.
И после кога ке испадне дека била некоја измама или пропаднале како Возии, државата ке ви биде крива.
АМСМ е 890 денари во Мк. Имаа промоција 445 платив за да додадам член од семејството.
Имаат сервисни акции, секоја пролет и секоја еден, бесплатна проверка.
Доволно е да ја однесам на канал и да видам да не имам нешто удрено.
Минатиот пат ме викнаа со нив во канал да си видам сам.
На пролет, проверка дали има доволно фреон, дали сите течности ги има во возилото.
Есен ми мереа антифриз, дали е добар или треба дополна/менување.
Се е тоа бесплатно.
Со нивната картична на неколку места имам користено попуст. Повеќе порано кога бев ерген, сега таа понуда е падната и јас не одам по ресторанти многу со децата, но кога ја користев, поради попустот буквално картичката ми излегување бесплатно.
2 пати ги викав да ми ја стартуваат колата кога ми откажа акомулаторот.
Е сега јас живеам во Скопје, и тоа сигурно има удел, ама пак, ако ме остави колата на пат, знам дека некој ке дојде и ќе ми ја однесе до сервисер.
И така.
Ајде, нека пише некој нешто за Oryx, ако е подобро да се префрлам и јас таму.
kire95:
тука во темава има повеќе искуства од наши членови што пишале
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,26608.msg1323285.html#msg1323285
Power to the people:
Мене ми е битно во Европа помошта, за Македонија со точакот ќе се вратам до дома.
А тоа за 3690ден е многу мизерно на АМСМ, за 200€ од Битола, стига евентуално 50-100км од правец во грција, шо реално и не се исплаќа.
А Орикс повеќе покриваше финансиски, да не ги барам табелите, на хартија.
А најдобра гаранција е како шо имаше кажано марјанот, со последните пари да не се оди на одмор. ;D
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија