Автомобили > Генерално за Автомобилите
Помош на пат. (Амсм и слично)
Deni:
Немам искуство со вакви претплати, ама сум слушнал добри искуства. Знам дека некои коли доаѓаат со претплата (Мазда мислам) и дека се наоѓа на пат, секако најважно надвор од МК.
АМСМ нуди вакви картички. Сигурно и други има. Дали знаете каде е најповолно ова да се земе, со тоа што би се добиле најдобри услови?
За Балканските земји како - Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Хрватска. Па и други ако има, ама грото патувања се во овие земји од кај нас. Минимум овие.
Ова е понудата од АМСМ.
http://amsm.mk/article.aspx?cid=5503&scid=5387&l=94
--- Цитат ---Услуги во Европа:
Бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода до 400€.
Бесплатна интервенција до 200€:
Бесплатен пренос на возило во случај на дефект, или
Бесплатна помош на пат.
Згрижување на член до 200 евра:
Хотелско сместување до 100€ и
Бесплатно користење на најмено (рентакар) возило до 100 евра.
или
Покривање на патни трошоци до 200€:
Редовен автобуски или железнички превоз;
Авионски билет.
Цена: 2.700 ден.
* 10% попуст на редовната цена на членскиот пакет добивате доколку станете АМСМ член on-line, преку нашата веб страница или преку АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони. 2430 ден.
--- Крај на цитатот ---
Кои други нудат подобри и поскапи пакети со повеќе поволности? Што сте користеле и какви се вашите искуства? Да си патуваш по Балканов без да се замараш дали нешто се десило или не, хотел, мотел, карта, бус, влеча се да ти е организирано да не се потресуваш во животот.
savage:
На ценава од 2700ден. има 30% попуст ако купите зелен картон во АМСМ.
Неколку пати земав членство и така испаѓа околу 1900ден. + цената на зелениот картон.
Со картичката има и попусти низ продавници во МК, а и оние означени со arc europe надвор од МК.
Simo - Carrier159:
Добра тема. Јас пред некој ден ја гледав понудата за автомобилска асистенција на Триглав осигурување. Не делува воопшто лошо, треба поубаво да се простудира:
http://www.triglav.mk/mk/osiguruvanje/fizicki-lica/osiguravanje-na-motorni-vozila/triglav-avtomobilska-asistencija
PDF со општи услови
Carpathian Lord:
PSS нуди исто. 1200 денари и добиваш бесплатна работна рака за промена на многу работи, мада во реалност е ветер во магла.
MarceCvarce:
добро е некој што имал проблем надвор од МК да сподели искуство, јас планирав оваа година да земам некој пакет ама ептен сум скептик да не бидат пари за џабе, иако ако еднаш се заебеш барем ке знаеш дека не бива ама ако те снајде беља и ова ти врши работа е многу добро
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија