Види, нема причина да не ја биде работата ако е возилото исправно, особено електриката во него. Ако е добро монтиран системот, ако е добро подесено ECU-то ќе немаш никаков проблем со возилото. Ќе загоби моќеби 10% максимум од вртежниот момент но и онака не треба да се заборави зошто служи плинот. 99% од времето возиш крузерски, економично и еколошки на плин, а 1 процент од времето возиш брзо, тркачки, натоварен по планински превои и во тој случај завртуваш на бензин. Нема некоја филозофија окулу ова. Дури и моторите осетливи на плин не треба да имаат никаков проблем се додека си свесен во кој режим треба да возиш додека си на плин. Подоцна, во секој момент можеш и да го исклучиш плинот или да го демонтираш. Ти не си глуп човек и неразумен, имаш пристојни познавања од електромеханика, механика и термодинамика, не би требало да дозволиш да имаш проблем со возилото ако го конвертираш на плин.
А ќе добиеш безгрижно и ефтино возење, нема да се тресеш секој пат за трошоците пред да влезеш во кола, ќе имаш бистро уље и ќе имаш продолжен домет на возилото, ти текнува?