Да, имаше некои пресудни моменти кои преовладаа. Прво Опел преферира Ландиренцо и има договор со нив заради изведбата на системот и специјалните китови за Опел. Тунап адитиви можам да користам кога сакам, но заради комплицираното аплицирање се одлучив за капалка. Друга или трета работа е што колата ми е ремапирана, а дизните на АЕБ се совршено брзи (како кеихин), како и АЕБ компутерот за да ја прати новата мапа и времето на отвореност на дизните во сите режими и услови на работа. Компјутерот е со најновиот софтвер од петтата генерација кој ги подржува и старт/стоп системите, користење на комбинација на двете горива при одреден број на вртежи, брзината на обработка на податоците, непропустлив е на вода и киселината од акумулаторот кај што ми е монтиран, немам годишни одржувања, олеснувања при атест, оригинални Опелови китови (држачи, црева...), самиот бренд, брзината на монтажата, гаранцијата, начинот на плаќање, цената, застапеноста на пазарот, заштеда од 50% (наместо 40% како кај другите)-нема одржување и тн.
Не само што не се каам што го монтирав Еволушн, туку сум и презадоволен, а и на работа возилата ќе ги конвертираме со истиов плински уред. Го препорачувам на сите што сеуште не монтирале плински уред. За 570 евра, тешко дека ќе најдете боља варијанта... Лупав глава со месеци и ме убедија дека чувствата не смеат да преовладаат кога станува збор за бизнис, поготово не на своја штета. Автомобилските салони им ја укажаа довербата, а импозантна е и бројката на монтирани уреди - не гледам причина зошто и ја не би монтирал кај нив. Не ми беше пресудно кај кого ќе монтирам (МакПлин или Плимонт, напротив - најверојатно по препорака на Камелеон ќе го монтирав на трето место), но колата не ја возам само јас, секако и други играа важна улога при донесувањето на одлуката, истите преовладаа и најверојатно имаа право - ја сум презадоволен, а секој за своите пари нормално може да си монтира кај кого сака. Ланди макс некако не ми одговараше за моите потреби, а за Еволушнот не бев доволно информиран.
Соработка со Макплин како ни со никоја фирма од форумов, па и надвор од него немам, точно е дека ги подржав во делот за свеќиците Денсо - поимот за свеќица со кој одраснав. Околу тоа беа и дискусиите, Тартарини е исто така одличен уред, нема збор, но секој си ја крои својата судбина, а дали згрешил за жал ќе дознае дури отпосле. Со новите уреди од петтата генерација генерално нема утка, отсекогаш говорев - пазите, НИЈЕ СВЕЈЕДНО !
Мене па ме интересира од кај ти дојде инспирацијата за твоето прашање, зашто доста луѓе ме прашаа, па морам на секого поединечно да му реферирам