Автомобили > Генерално за Автомобилите

Промена на сопственост на авто приколка

(1/4) > >>

UrSa1986:
Се работи за приколица во сопственост на татко ми. Приколката има регистрација издадена како трета таблица за старата кола на татко ми, ама колата е продадена.

Што треба да се направи со приколката за да биде на мое име со моја регистрација? Треба да се одјави старата претпоставувам и да се извади трета таблица како мојата регистрација. Дали треба да го барам човекот на кој што ја продадовме колата или тој нема врска со ова?

Моментално на мојата немам ни кука. Некоја препорака од кај да земам и цена од прилика? Дали кука можам да купам на старо и после тоа да ја атестирам? И дали се универзални или морам да барам за мојата кола конкретно?

Секој совет или искуство се добредојдени :)

yasho:
Истово и мене ме интересира, ќе се најде ваљда некој поупатен да не научи.
Мада колку знам сега нема трета таблица, треба за приколката да си земеш башка таблица, сообраќајна, тех.преглед мислам на 3 год...

onak:
грешка си... има до која килажа на приколица (носивост) и конструктивна маса се со трета таблица... над тоа со своја сообраќајна...


по прашање за добивање трета таблица... процедурата е следна:

-оригинална фактура за приколката
-оригинална фактура за набавка и монтажа на атестирана (еуро) кука
-на шалтер во мвр поднесуваш, ти одобруваат, и или чекаш 1 ден или идеш директ у раде кончар, за неколку саат ја добиваш, а во сообраќајна ке ти пишува дека имаш 3-та таблица...

е сега... приколката мора да има документ... ако е од брако велес, ке треба да ја донесеш кај нив прикоката и по бројот на шасијата што е на една алу плочка, ке ја најдат кај нив во архива... ке кажеш дека е од татко ти, ама дека он више не вози и дека ти ке ја користиш и ке ти дадат фактура која ке те кошта 1200 денари.. тоа е уствари сума која ја плаќаш за проверка на веродостојност (така они го крстиле) дека приколката е нивна и оригинална...

yasho:
Фала за одговорот,  како ретко кога ми е драго што сум грешка на оваа тема.
Единствено треба да проверам дали морам да носам документ за куката ако таа е впишана во сообраќајна. Имено, колата кога е увезена имала кука, била запишана во странската сообраќајна, и по редот на нештата впишана е во хомологацијата и во нашата сообраќајна како приклучен уред.
Мада не знам која глупост им е на мвр ова со оригинална фактура, кога една таква им однесов првиот пат кога ја регистрирав приколката,  сега треба пак да ја "купам" од Брако,  или за памет да си направам 5-6 копии верни на оригиналот и да им ги носам секогаш кога ќе сменам кола.

UrSa1986:
А ако веќе има трета? Татко ми рече дека имал некои документи и копии. Значи во Мвр да се отиде

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија