Сапунска љубов
Жена гледа турска серија на една телевизија. Едно време му се обраќа на сопругот:
- Види бе, види, колку ја сака Саваш...
- А ти знаеш ли колку му плаќаат за тоа?
Среќен пијаница
Маж им раскажува на пријателите:
- Се враќам дома пијан. Влегувам во спалната, ја гледам жена ми како води љубов со некој тип. Одам во кујната, го отворам фрижидерот, вадам шише ракија, пијам, пеам тажни песни и заспивам. После некое време се будам и што да видам: Сум го погрешил станот!
Женска логика
Патува жена во автобус. Треба да купи билет, но не знае колку чини. До неа седи друга жена. Како да и се обрати, со „ти“ или со „вие“? Размислува логички пред да ја праша за цената.
Овој автобус е брз. Ако досега не се симна ќе оди во мојата населба. Носи шише вино, значи оди кај некој маж. Виното е скапо, значи оди кај некој убав маж. Во мојата населба има само двајца убави мажи: мојот маж и мојот љубовник. Таа не оди кај мојот љубовник бидејќи јас сега ќе одам кај него. Значи оди кај мажот ми. Мажот ми има две љубовници – Кате и Ане, а Кате е на службено патување.
- Ане, колку чини билетот?
- Од каде ме познавате?
Изненадување за директорот
Двајца директори разговараат:
- Како се покажа твојата секретарка?
- Ја избркав.
- Зошто? Беше многу убава.
- Еден ден влегувам во канцеларијата а таа ме пречекува со зборовите: „Имам изненадување за вас“ – и излезе. По некое време се појавија сите вработени од мојата компанија со цвеќиња, бонбони, коњаци... Скандираа: „Среќен роденден господине директоре“...
- Што има лошо во тоа?
- Па јас веќе се соблеков.
Работниот ден на еден државен службеник
08:00 Почеток на работниот ден.
08:30 Пристигнување на работно место.
08:45 Пауза за кафе.
10:00 Проверка на e-mail
11:00 Подготовка за паузата за ручек
12:00 Пауза за ручек
13:00 Крај на паузата за ручек
13:30 Враќање од паузата за ручек
14:00 Сурфање на Web
15:00 Пауза за кафе
16:00 Подготовка за заминување дома
16:30 Заминување дома
17:00 Крај на работниот ден
Петел на пазар
Селанец продава петел на пазар. Доаѓа купувач:
- Леле колку убав петел! Им се качува ли на кокошките?
- Да да, им се качува! И не само на кокошките, и на гуските, патките, козите... Еднаш дури и на кучето му се качи!
- Тогаш зошто го продаваш?
- Од вчера нешто чудно ме гледа.
Доктор и пациент
Доктор психотерапевт лекува болен со хипноза:
- Повторувајте по мене: Јас сум здрав, јас сум здрав...
Пациентот: - Јас сум здрав, јас сум здрав...
На крај на сеансата:
- Терапевтската сесија чинеше 3000 денари – рекол психотерапевтот.
Пациентот се замислил и одговорил:
- Повторувајте по мене: Веќе ми плати, веќе ми плати, веќе ми плати...
Македонски глушец
Ноќ. Затворен бар. Од дупката на ѕидот излегува француски глушец, гледа дали негде во близина има мачка, трча брзо до шанкот, пие една чаша вино и трча назад во дупката.
По некое време, од дупката излегува германски глушец, гледа дека ја нема мачката, трча до шанкот, пие едно пиво и се враќа назад во дупката.
Ситуацијата се повторува и со ирскиот глушец – оди пие дупло виски и се враќа.
Мексиканскиот оди, пие текила и се враќа.
На крајот излегува македонскиот глушец, разгледува, оди до шанкот, пие една ракија, пак се развртува, пие втора ракија, пак се развртува, пие трета ракија, пие четврта ракија, и после петтата испиена ракија ги крцка прстите и мрмори:
- Кај ли е мачката? Море ако треба ќе ја чекам и цела вечер!
Обама, Путин и плавушата
Обама, Путин и плавуша разговараат.
Путун рекол:
- Ние бевме први во вселената!
Обама рекол:
- Ние бевме први на месечината!
Плавушата се јавила:
- Ние ќе бидеме први на сонцето!
Обама и Путин се насмеале и рекле:
- Не може да се слета на сонцето, ќе изгорите!
Тогаш плавушата одговорила:
- Ние не сме глупави, ќе одиме ноќе!
Петте најважни правила во животот
1. Парите не можат да купат среќа, но подобро е да плачеш во Ферари отколку на велосипед.
2. Опрости му на непријателот, но запомни му го името.
3. Помогни му на некого и тој ќе се сети на тебе кога пак ќе биде во невоља.
4. Многу луѓе се живи затоа што е противзаконски да пукаш во нив.
5. Алкохолот не ги решава проблемите, а од друга страна ни млекото!