Автомобили > Генерално за Автомобилите
Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
FiLo:
Ја отворам темава во соодветен подфорум поврзан генерално само за автомобили и во оваа тема ако сакате да дискутираме за купување на работи поврзани само со автомобили.
А другата тема што се наоѓа во подфорумот ''Генерални муабети" да си остане и таму да се дискутира за купување на работи што не се поврзани со автомобили затоа што и онака во моментов повеќе има пишувано за мобилни, мебел и слично.
Еве за почеток на пример јас сакам да си купам и да имам лично своја кола, па макар и југо, ама барем јас лично да си го возам во поголемиот дел од времето и да си го одржавам и средувам по мој кеиф, ама сега тоа во скора иднина малку тешко, затоа што не сум способен лично сам да одржувам возило па макар и југо.
martin_bt:
Конечно тема како што доликува за автомобилски форум.
Вчера си купив нови вентили за 128ката Први Партизан, а денес треба да си подигнам од карго нова ламела и потисна. То значи дека скоро се за моторот е купено ново и се надевам долго је ме служи. :)
Исто така се мислам какво масло да купам, јас сум за Селениа 15-40, ваше мислење?
FiLo:
Зошто со толку густа градација ?
Allexxander:
Сакам да ставам фолии, да си купам квалитетен потпирач за рака и да добие еден солиден третман кај Дарко те-ен. Финансии :(
--- Цитат: martin_bt на 05 Февруари 2015, 14:04:41 pm --- јас сум за Селениа 15-40, ваше мислење?
--- Крај на цитатот ---
Многу лоши муабети имам слушано за селениата кај нас. Ни О од оригинал увоз од косово. Ја би го избегнувал со поширок лак.
VLATKO Џентлменот:
--- Цитат: martin_bt на 05 Февруари 2015, 14:04:41 pm ---Конечно тема како што доликува за автомобилски форум.
Вчера си купив нови вентили за 128ката Први Партизан, а денес треба да си подигнам од карго нова ламела и потисна. То значи дека скоро се за моторот е купено ново и се надевам долго је ме служи. :)
Исто така се мислам какво масло да купам, јас сум за Селениа 15-40, ваше мислење?
--- Крај на цитатот ---
petronas 10w50
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија