Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1917766 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9885 на: 25 Јуни 2021, 12:38:50 pm »
@Power to the people Исто и јас само тој во последно го знам активен, е сеа имам правеено навој на штрафови за декла ама одамна ако добро памтам овде некаде, низ тие халите преку пруга имаше еден со дребонг,дали уште работи не знам. Dropped pin
https://maps.app.goo.gl/CEiXhE4XV3dKj2wp6
Еден школски од средно имам ама неам број, тој сигурно работи со татко му, Горно Оризари после постојката лево, прашај кој било, Николче Јаневски, поточно Слистот прашај кај живеј , за дребонг ми треба ќе те упатат.


Хах јас Слистот го знам, и каде живее, само не знаев дека со оваа работа почна да се занимава.
Ми кажаа имало и откарши Матекс со текстилот кај коцката некој, а Мал Париз не знаев дека има.

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2159
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9886 на: 25 Јуни 2021, 12:38:55 pm »
Дребонзи во Битола каде има?

Оној кај стокомак новиот маркет, повеќе пати за ситни работи одам, за ништо не се нафаќа, само ме откачува. 
А, пак ситна работа ми треба. ::)
Не знам дали уште работи а ни дали е жив старио на Цар Самоил 201 големата куќа.
Ме има услужено за ситници ама мустра обавезно тој да си измери сака.

Отсутен marjan_984

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9887 на: 25 Јуни 2021, 12:44:45 pm »
Освен Митревски, Др.Авто да препорачате друг сервис за VW каде би ми го средиле моторот (промена на дихтунг на глава)?
Тркнав и до Колевски пред малку, ама до 2 работеле.
071485244
Саше (Др.Авто)

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,21487.15.html

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5463
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9888 на: 25 Јуни 2021, 13:55:16 pm »
@Power to the people Да Работи татко му и тој, баш кога ја сервисирав колата кај Дурлата 2ца околу плинот им требаше некој навој на муабет паднавме ми текна дека е во близина Оризари и завршија работа, ова пресно. А за тој другиот сум бил одамна, уште средно кога бев, некако од кај страната кај драгорот се влегвше за низ тие улици. Исто и овде гледав дребонг ама дури пешачев за на кај училиште порано, сеа дали е активен незнам. Gjorgi naumov 86 во едно од тие гаражи/дуќанчиња беше.
Gjorgji Naumov 86
https://maps.app.goo.gl/9w2mdwQwNWPwcMZY6
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9889 на: 25 Јуни 2021, 15:25:06 pm »
Дребонзи во Битола каде има?

Оној кај стокомак новиот маркет, повеќе пати за ситни работи одам, за ништо не се нафаќа, само ме откачува. 
А, пак ситна работа ми треба. ::)


@Power to the people  https://www.google.com/maps/place/41%C2%B001'25.2%22N+21%C2%B020'34.0%22E/@41.023667,21.3422158,148m/data=!3m2!1e3!4b1!4m14!1m7!3m6!1s0x1357251a4aafbed9:0x53e8379c62435858!2sGjorgji+Naumov+86,+Bitola+7000!3b1!8m2!3d41.0248721!4d21.3232332!3m5!1s0x0:0x0!7e2!8m2!3d41.0236665!4d21.3427628

Јас кај овај одам секогаш и за ситнурии и пластичиња некои шо ми требале ми ги изработвал.

Не сум бил Битола од лани, не знам дека Стокомак отвориле, гледам ете на мапата, претпоставувам за истиот мислиш.

Ако е истиот, нека не се прај мутаф, какви не работи ми праено.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9890 на: 25 Јуни 2021, 16:13:51 pm »
Јас одев редовно лак Иван.Се наоѓа од "џудото" на Ѓуро кога одиш накај Чеде автосервисот во тоа тесното уличе шо излефува на Солунска.Кај шо почнува тесното уличе,десно гаражата сива е по боја.Само дали уште работи незнам.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9891 на: 28 Јуни 2021, 11:29:52 am »
Фала ви, ама не можеа 2-3ца, ќе се скршело, свиткало, дека тенко парчето алуминиум.
Купив бургија за одземање, 400ден, завршив работа, ама испадна џабе, друго се искомплицира.  ::)


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5463
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9892 на: 28 Јуни 2021, 14:31:07 pm »
Фала ви, ама не можеа 2-3ца, ќе се скршело, свиткало, дека тенко парчето алуминиум.
Купив бургија за одземање, 400ден, завршив работа, ама испадна џабе, друго се искомплицира.  ::)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
За кај е диКтонот уствари ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9893 на: 29 Јуни 2021, 07:11:22 am »
ISCG адаптер е за башгард, со обид за на пресфит средни лагери. Ама излезе една заебанција, не можело туку така.  ::)

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2159
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9894 на: 29 Јуни 2021, 09:53:34 am »
 So 3d printner ne mozi vakvo da se izraboti?
Imash gore pod migros joco solution.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6374
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9895 на: 29 Јуни 2021, 10:03:38 am »
Можи ама ќе се скрши дека пластично, а имам чоек со 3д принтер. 1400ден отидоа во неповрат, добро, бургијата од 400ден ќе ми остани за друг пат.  ::)

Нова порачка од 1500ден ќе се направи да биди како шо треба. (факен  :-X )



Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9896 на: 29 Јуни 2021, 11:46:26 am »
Дребонзи во Битола каде има?

Оној кај стокомак новиот маркет, повеќе пати за ситни работи одам, за ништо не се нафаќа, само ме откачува. 
А, пак ситна работа ми треба. ::)

Јас имам еден школски шо работи (ваљда уште работи) со дребонг, глодалки итн...

Никола со татко му Трајче.
Немам број, ама ќе пробам локација да ти пратам, побарај го тука.

https://www.google.com/maps/place/41%C2%B001'42.8%22N+21%C2%B019'14.1%22E/@41.028561,21.3198311,297m/data=!3m2!1e3!4b1!4m15!1m8!3m7!1s0!2zNDHCsDAxJzQ4LjMiTiAyMcKwMjAnNTUuMSJF!3b1!7e2!8m2!3d41.0300825!4d21.3486423!3m5!1s0x0:0x0!7e2!8m2!3d41.0285609!4d21.3205811

Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9897 на: 30 Јуни 2021, 17:49:21 pm »
Вчера возев на автопат со поголема брзина 160kmh, кога требаше да се исклучам од автопатот почнав да кочам, кога успори колата нешто како да крцна(се откачи/скрши).
Од тогаш почна да ми свирка од 1200-2000 вртежи, само кога е во брзина.
Во лер кога е, нема никаков звук.
Во прва,втора звукот трае кратко.
Но ако ставам голема 4та или 5та брзина на мала брзина како 40kmh, звукот се слуша подолг период додека да стигне до 2000 вртежи.
Некој да не имал слично искуство да ми каже што е проблемот, пред да отидам на мајстор за проверка?

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7054
  • хаУс мајстор
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9898 на: 30 Јуни 2021, 18:04:58 pm »
4та и 5та на 40км/ч?

Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9899 на: 30 Јуни 2021, 20:18:52 pm »
4та и 5та на 40км/ч?
Не возам цело време така, ставив еднаш во 4та и 5та на 40км/ч додека пробував да го лоцирам проблемот