Колата ја купив на старо пред 9 месеци, мотор 1.4i 8V VTR. Купена од втор газда, 70000км, 2006 година, првично купена од Авто Нова од Битола. Откако ја земав, само се расправам со проблеми и ситници, што и ја потврдува мојата сопствена теорија, ова ми е прв и последен пат да купувам кола на старо. На почеток сакав да ја продадам, но се заљубив пошто е многу супер за возење за низ град, и решив да ја дотерам до крај. За споредба, прв сопственик сум на C4, веќе 100.000 км и не сум имал никакви проблеми.
Прво дознав дека колата е удрена, од десна страна. Сменето нов фар, браник, држачот за моторот (исправан, швајцуван). Удрена одоздолу, сменет картер, течеше уље од мењач (SensoDrive автоматик), актуаторот едвај работеше и сл. Двата задни амортизери заникаде, спони, стабилизатори.
Досега, се направи SensoDrive актуаторот (се смени федер, и се подмачка). Се зацементира местото од каде што течеше уљето од мењачот (специјален индустриски лепак). Сменив 2 амортизери, спони, стабилизатори. Ставив нови гуми, и на ред доаѓа следното:
Од моторот уште коа ја купив, осеќав чудни вибрации (звук на тресење како нестегнат метал) при возење над 2000 - 2500 обртаи. Мислев дека е нешто ситно, парче метал, пластика.. на кое му треба стегање или слично. На англискиот форум за C2 ми викаа дека е топлотниот штитник на ауспухот, бил лабав и вибрирал. Ова бил чест проблем и требало или да се смени или да се затегне. Ова тотално се поклапаше со звукот што го добивав. Еден мајстор ја ѕирна и ми рече да ја однесам на мајстор за ауспуси, од долу биле вибрациите (исто така, добра теорија на металните вибрации). Денес ја однесов кај мајстор за ауспуси, и тачно ме увери дека вибрациите доаѓаат од блокот на моторот и од ниедно друго место. Ова се дешава кога колата е загреана, кога е ладна не се толку воочливи. Не се осеќа никакво тресење, на волан, каросерија, освен звукот на разлабавен метал внатре во блокот.
Дајте ми дијагноза што би можело да е ова, предложете мајстор, дај да ја отвориме и да видиме.