Ај уште еден проблем
Читам по форумиве дека е доста чест проблем возачкото стакло не работи. И порано се случуваше на меганот да не работи стаклото ама после неколку дена се беше ок...но пред некоје недела после перење стаклото престана да работи. Во овластен сервис овде во Литванија бараат 300евра?!?
мрднати се малце....да не знае некој што има меган со ваков или сличен проблем?
Проблемот може да е или многу лесен за решавање, или ќе треба да фрлиш некое евро повеќе.
Кај мене решението на овој проблем е silicone oil spray, или силиконско уље. Се прска во вертикалниот жлеб каде што се движи стаклото и со тоа се подмачкува механизмот.
Специфично е нагласено да се користи само силиконско уље затоа што секој друг производ ќе остава масни дамки на стаклото. Мислам дека уљето не чини многу, а доколку не ти помогне, ќе можеш да го користиш и за други намени.