Задвчера возам на автопат скопје-градско сабајлето, приквечерината обратно.
На пар типични места има џандари. За чудо, не мерат брзина, а ги немаше и кај тунелот катланово кое им е некако
омилено место во последно време. Се мислев да не е тактиката со мамец, има првин едни да ги видиш, па да се
силиш и следните за километар-два да те ловат.
Чудното ми е што не мерат, не казнуваат, а сообраќај има доволно. Неколку работи ми текнуваат:
1. радарите им се на баждарење, во кој случај не мора да му се мисли што како каде се.
2. прават тивок штрајк оти немаат плати ни покачување или ги тераат бесплатно прекувремено.
3. не казнуваат за да изразат револт оти терористите од диво насеље кои им ги убиваја колегите ќе ги пуштат бидејќи
не само што министерот за правда (нормално албанец) вели ќе доиздржувале затвор на косово - превод ќе ги пуштаат
прво викенди па само да ноќеваат (ко мијалков и камчев) и после комплетно дека не згрешиле нешто особено или
таму ќе ги помилуваат. покрај тоа сега нешто пак ги носат на врховен суд демек ревизии, а тој највисок суд е под
контрола на дуи.
и после имало правда...?!!