Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1700488 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12780 на: 03 Јануари 2023, 09:51:19 am »
Стварно тебе неможе човек да те зафркне :D
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12781 на: 03 Јануари 2023, 09:51:32 am »
Иначе, не пијам алкохол.

За некој што не пие алкохол, полн си совети како да се заебе дрегерот и некако многу убеден збориш колку ќе покажело со едно пиво и дека биле лошо подесени дрегерите.
Возачка од 1995 и скоро 500.000 км.... одамна стигнав до месечината, уште малку и ќе се вратам.
А имам и дополнителни информации за мерните уреди.

Ако ти прави разлика, сега не пијам. Кога бев помлад знаев да стегнам по 1, ама се пазев.
Иако, кај мене и кога ме терале да дувам стално покажува дека немам, имам вродено увртен
желудник кој не дозволува испарувањето да стигни до мерачот.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5987
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12782 на: 03 Јануари 2023, 09:53:10 am »
@ialeks

Многу сакам вака самоуверени...



Маргината на грешка е 3%, да, но може и да е +3%, што значи дека можно е и да возел 137.

Кога ќе успееш да се извадиш од казна, односно кога ќе докажеш дека баш тој мерач покажува 3% ПОВЕЌЕ од што треба, со таа маргина на грешка, пиши.

Едит:
Јас па имам природно увртен памет што не дозволува ЕДНА капка да се напијам кога возам.
« Последно менување: 03 Јануари 2023, 10:00:55 am Diesel »

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12783 на: 03 Јануари 2023, 10:24:15 am »
@ialeks

Многу сакам вака самоуверени...



Маргината на грешка е 3%, да, но може и да е +3%, што значи дека можно е и да возел 137.

Кога ќе успееш да се извадиш од казна, односно кога ќе докажеш дека баш тој мерач покажува 3% ПОВЕЌЕ од што треба, со таа маргина на грешка, пиши.

Едит:
Јас па имам природно увртен памет што не дозволува ЕДНА капка да се напијам кога возам.
Со среќа со паметот, штом МОРА да си во право секогаш и мора секогаш да им докажеш на другите
дека не смеат тие да бидат кога си имаат работа со тебе. Да не си мислиш и дека си најпаметен?

Иначе, нема како да се знае дали е плус или минус 3%, ама во судската пракса има решавање
на начин поповолен за обвинетиот (чл.4 од ЗКП преку чл.2 ст.2 од ЗП) така да ако има двоумење
дали си бил +3% или -3% тогаш мора да решат дека си бил МИНУС 3%.
Има судска пракса, пребарај на интернет страниците на судовите со зборови „чл.9“, „правилник
сл.вес.61/11“ или сл. Ќе најдиш, нели си најпаметен?
А ако не си или те мрзи, побарај пресуда ПРКЖ-241/21 на апелационен суд Штип.

А ако мислиш дека треба да има закон да не смее воопшто да се пие при возење за сите, не само
за професионалните, пиши им на пратениците или протестирај пред собрание. Само облечи се,
ладно е, да не настинеш.

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12784 на: 03 Јануари 2023, 10:28:11 am »
@zeroSignal ме претрка... Неисе, истата поента.


Ве молам да не ме цитирате погрешно, не пишав нигде дека возам +20, туку дека се
залагам да се зголемат насекаде ограничувањата за +20. Освен темни улички во
населени места. Да не се плашат швалерите и животните.

А за каиш размислувам да вадам лекарско дека не смеам да носам, ми прави мачнина.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12786 на: 03 Јануари 2023, 11:54:23 am »
Одамна не сум дувал па не знам до каде отишле напред со технологијата и баждарењето.
Имаше некои зврчки со тоа колку ќе покаже веднаш по испиено пиво или после пола час, ама кој да се сети.

Во секој случај, има понекогаш валкани игри.
Едно да се знае, полицаецот не смее да се одалечи до неговото возило после дувањето, туку веднаш тука да го покаже резултатот.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1535
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12787 на: 03 Јануари 2023, 13:00:00 pm »
Секако дека не очекувам одговор, не очекувам ни некој да дава совети како да не те фатат ако возиш пијан. Очекувам да се пропагира возење без да стегниш 1 пиво.

Што се однесува до брзините, и јас сакам да се +30 од тоа што се сега, но за жал нема. И во многу поразвиени држави од нашата ограничувањата по магистрален пат и автопат се исти како кај нас, со чест на исклучоци (Тетово-Гостивар, ако може да се каже автопат).

П.С. Моментално сум 3 месеци без возачка за брза вожња, не мислам да се правам светец и не мислам дека сум во право што сум возел 133 во тунел :)
Ако те измериле 133 у тунел, си возел 138-140 по брзинометар.

Реално малку е 3 месеци. Требало на подолго да ти ја одземат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33926
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12788 на: 03 Јануари 2023, 13:31:01 pm »
А за каиш размислувам да вадам лекарско дека не смеам да носам, ми прави мачнина.

Патем извади и лекарско дека не смееш ни да возиш и решен проблем.

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12789 на: 03 Јануари 2023, 14:08:13 pm »
А за каиш размислувам да вадам лекарско дека не смеам да носам, ми прави мачнина.

Патем извади и лекарско дека не смееш ни да возиш и решен проблем.
Само толку?
Не треба да ме удават, стрелат на плоштад и расчерелат во 4 правци?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10893
  • 430i
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12790 на: 03 Јануари 2023, 14:27:15 pm »
зависи на кој дел од себеси ќе начекаш  ;D

Двојно стрелање е посигурно да заврши работа отколку единечно.
Не е хумано ако не се доврши работа, ќе се мачи стреланото.

Иначе, јас не сум за употреба на смртоносна боева муниција, туку поблаги мерки со
гумени куршуми или па водени шмркови, камшикување или сл.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14073
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12791 на: 03 Јануари 2023, 15:14:10 pm »
-Без 5 пива испиени на ја стартовам колата
-Катланово тунелот го поминувам како и пред тунелот,на темпомат 150(не гледам причина злшто да се устручавам во тунелот)
-Каиш многу ретко и правилно го користам(претежно само горниот дел го префрлувам)
-Имам две икони во кола. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12792 на: 03 Јануари 2023, 16:41:36 pm »
зависи на кој дел од себеси ќе начекаш  ;D

Двојно стрелање е посигурно да заврши работа отколку единечно.
Не е хумано ако не се доврши работа, ќе се мачи стреланото.

Иначе, јас не сум за употреба на смртоносна боева муниција, туку поблаги мерки со
гумени куршуми или па водени шмркови, камшикување или сл.
Благодарам што сте мој овожавател.
За само 59 ЕУР можете да станете сопственик на мој
автограм со порака за среќа.
Оставете адреса за достава во приватна порака и ќе ви
биди пратена сметка за уплата.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12793 на: 03 Јануари 2023, 18:03:16 pm »
Според правилник, грешка за мерилата за брзина е 3% за брзини над 100 км/ч, така да ако кажале дека си бил
133, ти всушност си бил 129

Не туку бил над 133 или барем точно 133.

Мене летоска меѓу Радовиш и Струмица ме застанаа и баш во моментот кога ги здогледав и ја кренаа палката, одма поглед во табла и брзината беше 98-99 км/ч.

На радар ми рече дека бев 97 км/ч.


Тоа што ќе си помислиш дека те измериле повеќе од тоа што си возел е затоа што инстантно сите од нас кога ќе ги здогледаме полицајците, одма тргаме гас или удираме на кочница. Ама они веќе од претходно те имаат измерено. Кога ќе ги приметиш, веќе е доцна.

Исто како и јас, сигурно сум бил барем 100 км/ч ама кога ги здогледав само пуштив гас и одма ја крена палката, во табла 98. Што значи ете ти го тоа 3% :)

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12794 на: 03 Јануари 2023, 20:01:57 pm »
Според правилник, грешка за мерилата за брзина е 3% за брзини над 100 км/ч, така да ако кажале дека си бил
133, ти всушност си бил 129

Не туку бил над 133 или барем точно 133.

Мене летоска меѓу Радовиш и Струмица ме застанаа и баш во моментот кога ги здогледав и ја кренаа палката, одма поглед во табла и брзината беше 98-99 км/ч.

На радар ми рече дека бев 97 км/ч.


Тоа што ќе си помислиш дека те измериле повеќе од тоа што си возел е затоа што инстантно сите од нас кога ќе ги здогледаме полицајците, одма тргаме гас или удираме на кочница. Ама они веќе од претходно те имаат измерено. Кога ќе ги приметиш, веќе е доцна.

Исто како и јас, сигурно сум бил барем 100 км/ч ама кога ги здогледав само пуштив гас и одма ја крена палката, во табла 98. Што значи ете ти го тоа 3% :)
А можеби тебе не ти е исправен брзинометарот?
Тоа помисли? Сите мислиме дека сме безгрешни.
Дали ти е некогаш баждарен? Сигурно не.
Јас колата од фабрика ја имам скоро 18 год. и спрема знаците кои дигитално мерат имам отстапувања.
Ама нема да баждарам. Скапо и непотребно.

Законите и праксата велат плус минус 3км/ч или 3%.
Дали си плус или минус никој не можи сигурно да кажи.
Иако треба да се примени и друг член 11 од правилникот кој вели од почетната мора да се одземи безбедна разлика по
збир вредности од табели.