Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2100710 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9495 на: 15 Октомври 2018, 15:49:48 pm »
Па смееш долги светла да користиш додека го управуваш возилото, не дека е погрешно.

На отворено се вози со долги светла освен во одредени случаи кога треба да се вози со средни (соборени).
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9496 на: 15 Октомври 2018, 16:00:28 pm »
Ама кој нормален би возел дење со долги светла? :) и мислам дека е казниво?

Законот беше за дневно светло, да бидам појасен.

Не една казна се напиша во тоа време заради вклучени само (најмалку) позуциони светла ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9497 на: 15 Октомври 2018, 16:21:11 pm »
.....

Татко ми плати казна за “незапалени“ светла на мечето. Не биле доволно силни и не се познавало дека биле пуштени (предфејслифт на в204 се со леќи и на многу светол ден/сонце не се познава баш дека се запалени).

И јас ја имав истата ситуација со случката погоре што ја опишав со цик-цакот. Откако ми ги врати документите, ми вели полицаецов: Уклучи ги и светлата, не вози само со позиција.
И јас погледнувам во шалт таблава, гледам дека ми свети контролната сијаличка за тоа дека се пуштени средни светла и му велам: Па еве ми свети тука дека се пуштени.

И полицаецов иде пак напред и ми вика абе некако како слабо да ти светат, ајде шибај.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9498 на: 15 Октомври 2018, 16:25:02 pm »
....
Случката е на патарина кај Велес. Тебе те пуштиле, татко ми не сакал да се расправа. Само учтиво им покажал дека се пуштени, овие му рекле дека не биле запалени, па после дека светеле слабо. Тоа е тоа...
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9499 на: 15 Октомври 2018, 16:39:15 pm »
Шо ги шибаш, тоа државава пепел ја напраја, ја искрадиоја па пази молим те, за едни светла кои слабо светеле. Каква пропат. Ај можи ќе влезиме во еу па ќе се опраат работиве.
Инаку ја воза со долги сред бел ден, за инает од законот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9500 на: 15 Октомври 2018, 16:42:44 pm »
Ама така пвеќе ти троши ;D или и тоа за инат на цените на гориво ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9501 на: 15 Октомври 2018, 16:45:37 pm »
Шо ги шибаш, тоа државава пепел ја напраја, ја искрадиоја па пази молим те, за едни светла кои слабо светеле. Каква пропат. Ај можи ќе влезиме во еу па ќе се опраат работиве.
Инаку ја воза со долги сред бел ден, за инает од законот.

Види вака, во законот вели дека треба да ги имаш уклучено најмалку соборените средни светла дење и ноќе (член 86), а по правило на пат се вози со долги светла (член 89).
И потоа се регулираат ситуации во кои треба да ги изгасиш долгите за да не попречуваш.
Ете го линкот од законот на претходната страна, членовите од 86 до 92 ја регулираат употребата на светла во сообраќајот.

И сега се сведуваме на муабетот што го посочив, а тоа е познавањето на прописиве и нивното правилно толкување од страна на полицајците.
Јас можеби ја имав среќата да имам разбран полицаец кој сфати зошто го направив првиот прекршок и сфати дека светлата се исправни и светат, а тоа што него му се гледале дека не светеле како за средни, негов проблем.
« Последно менување: 15 Октомври 2018, 17:05:57 pm FiLo »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9502 на: 15 Октомври 2018, 16:50:17 pm »
Ама така пвеќе ти троши ;D или и тоа за инат на цените на гориво ;D
10w е разликата, барем нема да ми јадат бурек дали се упалени... Кај мене се Н4

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9503 на: 15 Октомври 2018, 16:58:19 pm »
Ама така пвеќе ти троши ;D или и тоа за инат на цените на гориво ;D

Види вака, во законот вели дека треба да ги имаш уклучено најмалку соборените средни светла дење и ноќе (член 86), а по правило на пат се вози со долги светла (член 89).
И потоа се регулираат ситуации во кои треба да ги изгасиш долгите за да не попречуваш.
Ете го линкот од законот на претходната страна, членовите од 86 до 92 ја регулираат употребата на светла во сообраќајот.

И сега се сведуваме на муабетот што го посочив, а тоа е познавањето на прописиве и нивното правилно толкување од страна на полицајците.
Јас можеби ја имав среќата да имам разбран полицаец кој сфати зошто го направив првиот прекршок и сфати дека светлата се исправни и светат, а тоа што него му се гледале дека не светеле како за средни, негов проблем.
Не знам зошто си ме цитирал тука, го задевав Бичикле ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9504 на: 15 Октомври 2018, 17:06:39 pm »
Па кога притиснав да се постира одговорот, ми појави порака дека е напишан нов одговор и по грешка сум го одбрал твојот цитат.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9505 на: 15 Октомври 2018, 17:13:42 pm »
Да штрајковаме за цениве... и така е журка пред влада хехе

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9506 на: 15 Октомври 2018, 17:33:08 pm »
Сега се сетив дека еден колега на суд докажуваше дека дневните светла му се палат автоматски со стартување на возилото (шевролет епика)  и дека и да сака не може да ги изгаси па според тоа неоправдано му е направен записник дека возел без светла...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9507 на: 15 Октомври 2018, 18:07:43 pm »
Да не ти пишат... оти може да ти речат нели си направил така меѓувреме па да бараш каталози... и пак да ти го онадат

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9508 на: 16 Октомври 2018, 14:25:34 pm »
Не знам во која тема да пишам , па ајде овде да напишам за случајот..

Комшијата продава 3 гаражи . Долго време се договараме за 1 гаража ама некако тешко оди, бидејќи бара многу ВИСОКА ЦЕНА. Вчера дознав дека комшија - кој живее во куќа (до нашата зграда) ги капарисал 3те гаражи.
Прашањето е : Дали лице кое не е жител на стамбена зграда може да купи гаража во зграда во која не живее ?

Ако може помош до закон каде што е наведен следниов случај ... јас пробав пребарував ама не можам да најдам.
Најдов некој каде пишува за сопственици за деловни простории во зграда со гаражи - ама никаде нема баш за ваков случај...
Секоја помош е добродојдена  ;)
и темава може да се префрли таму каде што треба

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5202
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9509 на: 16 Октомври 2018, 14:30:01 pm »
Зошто да неможе? Гаражите ако ги купуваш како посебен објект/сопственост зошто било кој од било каде не би можел да ги купи?