Пред 2 недели или на 163 500 Мегането си доби редовен сервис. Од минатиот сервис кој беше во Јуни до сега се појавија неколку проблеми.
Имено, почна нагло да ги јаде предните гуми но најизразено беше на десната гумa. Гумата ја направи парче, џилитка е надворешниот раб. Однесена е на проверка у АМСМ, проверена комплетно во предница и е установено е дека не толку итно треба да се променат амортзерите кој се околу 50% и воедно се слуша ситно тропкање од буфер гумите напред кое се јавува само во кривини.
Исто така кога залади малце на прво палење ако времето е ладно под минус да речеме, почна да свири како рикната турбина звук, но откако ќе загрее звукот комплетно го нема ко ништо да не било. Звукот се појавува на туража и во возеше во место го нема.
Овој сервс се состоеше од промена на масло филтер за масли и филтер за полен. Многу се мислев дали на овој сервис да му турам од божанствениот Мотул , но сепак решив да си седам на стариот добар Елф со кој имам одлично искуство.
Се установи дека звукот бил од хидрауличен друк/х лагер. Прво сомнежот беше дека звукот доаѓа од сетот ремени но не.
Променета спона внатрешна и набавен цел сет кумплуг со хидрауличен лагер марка ЛУК, кој чека за промена.