За листа се согласувам со официјални увозници се согласувам, ама за анкета малко потешко да биде релевантна.
На пример доста од рено сопствениците ставаат Елф, ама не обрнуваат внимание каков.
Многу луѓе го гледаат брендот и вискозноста, а не кои АЦЕА тип е и дали ги исполнува пропишаните од производителот стандарди.
Кај мене на Астрата е наведено да не користам А1/Б1 и А5/Б5 масло оти можело да дојде до оштетување на моторот. Сега не сум до толко стручен да кажам дали навистина ке дојде до тоа, ама ако ставам такво масло на Астрата сигурно дека нема да бидам задоволен, без разлика кој бренд е и ќе гласам дека тој бренд не чини.