Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1586108 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33905
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3225 на: 12 Мај 2015, 11:43:26 am »
Тоа е релативно точно, а не целосно точно. Фино убаво си пишува во упатството и препораките од производителот. Глупо е да се слуша маалски мајстор или некој си форумџија. Убаво производителот дал препорака за масла се што треба е да се следи препораката.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6371
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3226 на: 12 Мај 2015, 12:55:41 pm »
По логиката на Миле, воошто не треба да се пишува на форумов, туку да се трола.

Kонкретно за тој мотор 1040 масло не е препорачливо, не тролај колку да тролаш, глупо е. Не верувам дека во некое упатство во еден модерен турбо дизел или турбо бензиски мотор вели после 200.000км смени од 540 на 1040 уље. А ти си во право дека производителот дал препорака па според тоа конкретно за тој мотор 1.4 хди нема причина зошто да се става 1040 масло кое генерално повеќе ќе и наштети на турбината и моторот при ладни стартови, особено на еден модерен турбодизел мотор. И да, глупо е да се слуша било кој, што се води од рекла казала муабети дали било тоа на форум, маалски мајстор или неретко и во официјални сервиси од луѓе некомпететни во својата работа.


За уље ќе се следите пред се од самите спецификации на производителот. И да, има 1040 масла кои што понекогаш имаат спецификации на генерално 540 масла но достапноста во Македонија е под знак прашање. Кога станува збор за 1040 се мисли за поевтино или за навистина стар атмо бензинец или дизел мотор.

Официјално од Цитроен
Цитат
Use of oil grade 10W40.
It is possible to use the semi-synthetic oil 7000 10w40 on HDi and HDi FAP vehicles.
WARNING: To avoid difficulties when starting from cold (< 20°C),  use 5W40 oil

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33905
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3227 на: 12 Мај 2015, 14:12:35 pm »
Влатко ако си имаш проблем со нервите оди и лечи си ги. Мене не ме чепкај особенио тогаш јкога јас не те чепкам.
Јас ниту тролнав некого ниту реков да се става 10-40. Одговорот не беше наменет за тебе ниту за тоа што ти го пиша. Релативната точност се однесуваше на одговорот на Мартин дека тоа што странските возила со 300к+ километри работаткако да имаат поминато 150к. Тоа се должи на многу различни фактори а пред се тоа што таму обично многу повеќе се вози на отворено отколку во град.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17285
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3228 на: 12 Мај 2015, 14:15:14 pm »
Да, и зошто Перо во гаража што мења уље не постои во Швајцарија.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33905
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3229 на: 12 Мај 2015, 14:21:01 pm »
Да, и зошто Перо во гаража што мења уље не постои во Швајцарија.

Веројатно постои и во Швајцарија зошто од сопствено искуство знам дека постои во Англија, Чешка, Унгарија, Словенија, Италија....

Иначе не е проблемот во Перо туку во изборот на уљето. Истото се менува и на вулканизер и во сопствена гаража дома. Не гледам дека во продавниците не се продаваат масла на рафт... Е ако му веруваш на Перо во поглед на избор на уље, тогаш постои проблем, меѓутоа проблемот е твој а не на Перо :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6080
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3230 на: 12 Мај 2015, 14:34:36 pm »
Да не се забегува многу, ама повеќе внимание од градацијата мислам треба да се обрнува на спецификацијата на маслото
односно она Manufacturer Approval како:

• MB-Approval 229.3
• PORSCHE A40
• PSA B71 2296
• VW 502.00/505.00
• Suits KIA requirements
итн...

Оти од Total Quartz 9000 имаш три врсти на 5W-40:
Total Quartz 9000 Energy,
Total Quartz 9000 Energy RQ
Total Quartz 9000

и сите не се исти, ако е иста градацијата, а што му значи тоа за кои мотори е одобрено јас појма немам.  :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33905
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3231 на: 12 Мај 2015, 14:44:39 pm »
Мене ми има логика да е тоа истото масло ама со различна количина на додадени адитиви, зависно од конкретната апликација.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6371
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3232 на: 12 Мај 2015, 14:49:35 pm »
За мене најважна е спецификацијата. Мене уште не ми е јасно како може во официјални сервиси за Рено до пред некое време да ставаат Елф Екселиум 540 кое што нема Рено спецификација а Елф Еволушн со спецификација само за Рено го нема каде да го купиш. И после гумата, е гумата. И уште ти викаат механичарите абе батка нема гајле истото е!  

Кој има можност, најдобро е сам да си смени уље. Ем е лесно, ем знаеш дека навистина си сменил уље.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33905
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3233 на: 12 Мај 2015, 15:24:35 pm »
Exactly my point.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3234 на: 12 Мај 2015, 18:33:53 pm »
Каде да си купам LM TopTec 4100 чинам пак како лани? Филтри си одбрав Манн од Мега, утре ќе одам да си ги земам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33905
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3235 на: 12 Мај 2015, 19:53:49 pm »
Топтек имаш и во Аутофилтер во Карпош4. Меѓутоа Топтек 4100 мислам дека веќе го нема/не се произведува. Замена за него е Топтек 4600 чинам, ако не се лажам. Така ми рекоа во Аутомакедонија кога барав Топтек 4100.

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3236 на: 12 Мај 2015, 21:44:52 pm »
Топтек 4600 има во аутомакедонија али немаат канта од 5 литри. Само од 1.

Отсутен MandiBT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3237 на: 16 Мај 2015, 10:21:15 am »
За мене најважна е спецификацијата. Мене уште не ми е јасно како може во официјални сервиси за Рено до пред некое време да ставаат Елф Екселиум 540 кое што нема Рено спецификација а Елф Еволушн со спецификација само за Рено го нема каде да го купиш. И после гумата, е гумата. И уште ти викаат механичарите абе батка нема гајле истото е! 

Кој има можност, најдобро е сам да си смени уље. Ем е лесно, ем знаеш дека навистина си сменил уље.

ELF Evolution 900NF го замени ELF Excellium NF
Кога Тотал го купи ЕЛФ, ги ребрендира и називите да станат слични на оние на Тоталот.

Сепак, Evolution NF на Елф е некои 500 денари поскапо него ова на Кварц 9000 на тоталот, 2400ден. за 5 литри наспроти 1920ден.

За увозници, мислам дека нема утка кај тоталот на еуроимпекс, нели, тие се увозници и на Пежо во Македонија па не вервам фалц масло да носат :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33905
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3238 на: 16 Мај 2015, 11:45:38 am »
Не би требало.
Не сум се заинтересирал ама технички можам да проверам точно од каде го носат и каде се произведува секоја кантичка поединечно. Но не верувам дека е фалсификат.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #3239 на: 18 Мај 2015, 11:50:43 am »
Деновиве треба да менувам масло на мерцедесот (C220 CDI '99), па ме интересира што би препорачале од Мобил 1 да му ставам? До сега му имам ставано LM 5W-40.

Сакам да го освежам со нешто подобро, доколку има некоја разлика, а гледам во МАС користат Мобил 1, па затоа си реков да пробам.