Автомобили > Генерално за Автомобилите
Промена на мотор на возилото
Simo - Carrier159:
Ме интересира што законски треба да се превземе, за возилото да си биде законско, при промена на мотор и тоа во следниве ситуации:
1. Промена на ист тип и иста зафатнина и иста снага (на пример цркнал мотор, го менувам со ист таков);
2. Промена на различен тип, кој се вградувал во истото возило (на пример сум нашол појак мотор кој се вградувал во стило и сакам да го сменам);
3. Промена на мотор од различен производител (на пример, имаш лада нива 1.7, и и` ставаш 1.9сди од кордоба)
Што треба да се направи, кај да се појде и колку чини легализирањето на друг мотор?
Deni:
Класика А-тест. :) Знам дека мооооооожно е да замараат ако моторот е појак, дека е потребно засилување... Ама тоа е како ќе ти се погоди.
http://www.vozila.mf.edu.mk/Usluga3-More.html
10. на кое е променет матично, односно претходно вградениот погонски мотор со мотор од друг вид или тип, или со мотор кој има други карактеристики (силина, или работна зафатнина, или еколошки параметри итн.
11. на кое е променет матично, односно претходно вградениот погонски мотор со поединечно составен мотор од поединечно набавени елементи и уреди;
--- Цитат: onak на 31 Јануари 2013, 22:34:55 pm ---денес и последната прикаска од промена во бензин на дизел во звтомобил е завршена, а тоа е АТЕСТ на моторт... чисто за да влезе во евиденција колку и како и секако што е потребно еве го редоследот:
-технички преглед, да востановат дека имаш друг мотор, со сериски број и тип
-уплатница од банка на таксени марки, и услугата на техничкиот
-упат ДО МВР од технички преглед
-МВР шалтер бр.3, па шалтер бр. 1 за упат за на атест (бираш каде сакаш на атест сам).
-уплатница со таксени марки+услугата на МВР
-атест. јас го правев во АМСМ во север, до порше македонија
-плаќаш за атестот
-фершпед или било каде кај што имаат царинска вага, мораш да ја мериш колата со 90% наполнет резервоар, и да донесеш нивни документ ЗА МАСА НА ПРАЗНО ВОЗИЛО. ова се плаќа кеш и е евтино.
-пак се враќаш да ти го дадат конечниот документ од атестот
-повторно на технички да ти заверат тоа папирчето зелено, заедно со атетсот.
-МВР на промена на сообраќајната со новите податоци
се на се околу 150 евра кошта овој “подвиг“... подвиг е зашто се растретев од трчање, а се пројде од прва.. што ако за само 2 работи ме вратеа по еднаш-двапати? тогаш ке беше ХЕРОЈСКИ подвиг :)
инаку ниту една замерка немаше од комисијата за атест, па нели и од прва си поминав... испосликаа се што е направено, сите држачи, дури и сијаличките за греачи ми ги бараа да ги сликаат. на канал ово оно.. броеви на шасија, броеви на мотор бла бла бла... од документи ја бараа на увид оригиналната сообраќајна, копија од истата (за моторот зборам) и договор за купопродажба на истиот... ми беше објаснето и дека со фактура за мотор се завршува работа... ова за сите мотори важи. да се избрише празниот муабет дека ке направиш атест само со копија од сообраќајна... да моторот е потрошен материјал, но никако неможе да го смениш бројот ако немаш доказ за сопственост... само ист мотор ако се мења може со сообраќајна-копија...
она што е сменето од порано е дека се бараше на увид оригиналната сообраќајна од моторот.. сега не треба тоа...
ПРОЕКТОТ ЗАВРШЕН ВО ЦЕЛОСТ... фала многу, пријатно :)
--- Крај на цитатот ---
FiLo:
За првата точка не треба атест, за останатите 2 точки треба атест.
Незнам кој друг освен машински прави атест за промена на мотор, но кај соколов ѕрцките ке ти испаднат. Зашто овде штрафчињата не се исти ? Зашто карбураторот иако е од тој производител, носи половина сантим пошироко грло ? Зошто ставаш босна свекици наместо НКГ ? И слични такви глупави работи.
Нас не вракаше ради карбураторот. Нашиот карбуратор имаше ознака Solex 35, а во книгата пишувало дека треба да има назив 30/35 и мораше да бараме карбуратор со таква ознака.
Иначе и на колега таткоми имал интересна случка порано пред повеке години, сакал да стави на својот голф 1 дизел мотор, да го преправи и кога го однеле на машински, соколов му побарал да му отвори глава на мотор, да се уверел таму незнам за што и колегата се откажал од менување на моторот.
Simo - Carrier159:
Ако не менуваш тип на мотор, туку е од ист тип и модел, баш ништо не треба? Бројот на моторот го пријавуваш некаде?
FiLo:
Зборам за атест, дека не треба да се оди на машински да се утврдува оти си ставил послаб/појак мотор.
Најверојатно на технички преглед ке отидиш, таму се ке заверат.
Пред 2 години членот The Ghost менуваа мотор на калос, ставија ист 1.4 мотор, само во псс го однесоа, таму го виделе, ставиле печат и толку, така знам.
Се секавам дека ние кога менувавме мотор, на технички, но и на машински ни кажаа дека ако најдеме мотор со иста работна зафатнина и сила, немора атест, но тоа беше тешко пошто нашата кола носи различен мотор, работната зафатнина му беше 1256 cm3 и 43 kw сила.
Најјакиот мотор тогаш што го најдовме беше 1196 cm3 и 38 kw од опел.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија