@Vasil исто мислам.
60 литри вода во секунда, ваква раклама онаква, а кога тие гуми се користат јас не знам воопшто.
Возачите ја прават Ф1 опасна, и никој нема да го наоѓа крив Bianchi ако тој не попуштил доволно на гаста, поради неговата ситуација.
Е сега можеби и попуштил доволно ама на водена патека, побавно можеби и не е побезбедно и ете излета. Shit happens.
Друго, возачите превземаат одреден ризик самите кога остануваат на патеката со истрошени гуми или возат на слик гуми по полусува патека,
или возат 90% од трката на истите гуми и кога експлодира гумата, кој е крив? Пирели, слаби гуми направи.
Памтите лани на Силверстон кога пукаа ко балони, со кој ум тимовите обратно ги ставаа гумите, си имаа тие насока.
Го читав Маса негде викал, пиштел(screaming) да се прекини трката оти не било безбедно, па ако не е безбедно откажи се,
или успори, никој пиштол на глава не му клава.
Ова со безбедноста од наредните трки се повеќе ќе се преувеличува, и според мене ко така Сутил воопшто не требаше да излегува од болидот,
шо мајка бара да излегува, ако го собереше некој друг, ојдоа нозете. Требаше безбедносното возило да го извадат па тој да излези.
И замислете ако ова не се случеше, кранот се вратеше назад и трката продолжеше, никој немаше да ја стави во прашање безбедноста во Ф1.
Сега 2 сати, 1 сат трка ќе гледаме.