Автомобили > Генерално за Автомобилите

Најекономичен бензинец и најевтин дизел

(1/18) > >>

proff:
Кои се вашите мислења за семеен автомобил во класа на големина како на пример голф или астра г кој имајќи ги во предвид цените на горивата воедно би бил најекономичен бензинец или најевтин дизел. Значи кој би бил најдобриот предлог за претежно градско возило со услови како во насловот на темата?

Tischläufer:
Од информациите со кои јас располагам би можел да го кажам следново:

Бензинец:
1. Во класата на Астра и Голф (+- ситно) најмала литража што можеш да најдеш е 1.4 или евентуално 1.2. Кај возилата со таа маса и тие мотори во град потрошувачката на бензин 95 сигурно ќе биде над 7л на 100км (за 1.4л 8,0-8,5л) додека со домаќинско возење (до 100км/ч) на отворено може да се извади 5,5-6л.
2. Мислам дека сите бензинци ќе ја извадат истата потрошувачка. Тие цифри денес се стандард и освен Лада 110 сите други би требало да ја извадат таа економија. Ствар на вкус.
3. Од поквалитетните возила според мене: Голф 1,2 ТСИ, Астра Класик 1,4, Пежо 207 1,2. Хундаи и20 1,2. КИА Сид 1,4 (со мотор од тојота). Да не заборавам Шкода октавија 1,4.

Дизел:
1. Моментално Рено и Ситроен изгледаат како најевтини а докажани дизели од 1,4л. Немам информација дали и Пежо ја води истата ценовна политика.
2. Споменатите во град нема да надминат 7л на 100 км а на отворено нема да надминат 5,5.
3. Дизелите на Опел не знам дали се поправија со Астра Класик и Корса. Старите мотори беа катастрофа (и атка не беа од Опел). Јас не би земал такво нешто.

Во таа класа не ги испуштив другите брендови како Форд, Тојота, Мазда, Фијат, Мицу, Хонда ама споменатите се сосем конкурентни а водат најагресивни ценовни политики.

Со оглед на тоа како тргнале цениве на горивата, јас би земал бензинец и тоа по можност со фабрички вграден плин (Опел и Шкода). Ако се мора без ова, тогаш дефинитивно во блиска иднина ќе мора да се размислува за плин.
Ако се вози многу особено на отворено, би одел со Цитроен Ц3/ц4, Рено Клио 1,5 ДИЗЕЛ. Евтини се возилата, а на дизелот маста ќе му се извади.

zOkO:

--- Цитат: Falanga на 18 Јануари 2011, 10:33:47 am ---
Со оглед на тоа како тргнале цениве на горивата, јас би земал бензинец и тоа по можност со фабрички вграден плин (Опел и Шкода). Ако се мора без ова, тогаш дефинитивно во блиска иднина ќе мора да се размислува за плин.
--- Крај на цитатот ---

Ја колку што знам на овде им уградуваат плин. Могуче да грешам. Ако знаеш за сигурно дај некои детали ме интересира шо како

Tischläufer:

--- Цитат: zOkO на 18 Јануари 2011, 11:16:49 am ---
--- Цитат: Falanga на 18 Јануари 2011, 10:33:47 am ---
Со оглед на тоа како тргнале цениве на горивата, јас би земал бензинец и тоа по можност со фабрички вграден плин (Опел и Шкода). Ако се мора без ова, тогаш дефинитивно во блиска иднина ќе мора да се размислува за плин.
--- Крај на цитатот ---

Ја колку што знам на овде им уградуваат плин. Могуче да грешам. Ако знаеш за сигурно дај некои детали ме интересира шо како

--- Крај на цитатот ---

Ај ке ти обезбедам информација до вечер. Кога ја купував службената Астра, во Олимпија моторс спомнаа дека може да се порача со вграден уред за да не вадам атест. А за наше такси пред 3 години кога ги зимавме Октавиите, ги земавме со вградени уреди. Последната пратка октавии од пред година дена исто така беа со вграден уред од фабрика.

Deni:
Стандардна опрема во Голф ти е:
- ABS EBD BA ASR
-automatska digitalna dvozonska klima (retko koj go nudi vo taa klasa)
-7 Airbag
-Kozen volan
-El. na site stakla i retrovizori so greaci
-CD mp3 so 8 zvucnici
-bord
-farovi za magla
-5 vrati
-metalik
Е сега Голф 6 со 1.2 ТСи 85 и оваа опрема ти е 14.500. Ако сакаш и бандажи можеш да се ценкаш за гратис ама стандард е 14.900. Со 1.4 ТСи и стандардна опрема ти е 15.500, а тој сосе бандажи ти е 15.900. Тоа е убедливо најбоље од моја гледна точка, и чини 15.900.
Дизелот 1.6 ТДи се движи околу 17.500 со стандардна опрема, 17.900 со бандажи. За овој не сум 100% сигурен ама тука некаде е. Е сега разликата е 2000 евра, ама дизелот ќе си ја држи вредноста подолго, значи ќе се продаде 1000 повеќе на старо, и плус е поекономичен. Е сега дали ти одговара тоа е друга работа.
Потрошувачката на 1.2 ТСи е во рамките е на 8 литри во град, на 1.4 ТСи е 7, а на ТДи е 6. Може да се качи за пола литро во услови на гужви, ама 7,5 литри е фантастично за толку масивно моќен и ефтин бензинец.
На отворено со новите менувачи 120 се врти моторот со 2100-2200 вртежи, да неречам спие. Потрошувачката би се смалила за 1-1.5 литра од таа во град.
Оди повози го Голфот па ќе одлучиш.

Астрата е тешка ако сакаш економија. Фокусот 1.6 ТДЦи има одлична цена во МИДА, а и одлична потрошувачка, па можеш да го ѕиррнеш. Мислам дека е 15.000 или така нешто. Цитроен ХДИ е многу ефтин сега и многу убава кола, ама јас тоа не би. Меганот дЦи е солидно, ама со цена е напукан 17.500, не вреди. Ама па затоа имаат турбо бензинец на Меган што е 16.000 мислам, што споредено со Голфот е многу скапо.

П.С. Исклучиво турбо мотори. Никако атмосферци.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија