Автомобили > Генерално за Автомобилите
Најекономичен бензинец и најевтин дизел
proff:
Мислам дека од некого не сум баш правилно разбран. Прашањето ми беше кое е препорачано најекономично возило на бензин од класа на голф или астра како големина на кола не како марка како и најевтин дизел по цена на ново возило. Значи можи да биде предложено возило од било која марка но воедно да има најдобар однос цена/економичност. Веќе за возила над 15000Е не треба да си многу паметен да одбериш што да купиш. Во таа класа малку можиш да згрешиш. Од она што и јас гледав тука се i20 на хундаи како и киа рио но, само до 1200ccm и некои 70-80КС. Овие возила се воедно и со најприфатлива цена. Порано имав хундаи акцент 1.3 и бев презадоволен. Го продадов после 10 год користење без никаков сервис но, со само 82000КМ. Толку во просек возев. Затоа и барам мислење за економично и не скапо возило за претежно градска вожња.
Инаку мој пријател купи нова астра со вграден плински систем во новус пред неколку години. Значи може да се купи возило со вграден плински систем...
Deni:
Аха епа кажи до колку пари, дека спомна Астра и Голф. Иако 14.500 ти личи многу за ТСи голф!? Ок.
Шкодата Фабиа доаѓа со ТСи мотор и е во рамките на 12.000-13.000 евра зависно од договор. Повеќе од солидна изработка со одлична механизација и одличен мотор. Рачунај полесна од Голф па би требало да не качи над 7-7.5 литри во град сосе гужви. Бонбонче е за возење.
Ја имаш и Астра 3, со 1.3 ЦДТи дизелот за 12.000 евра, и тоа е ок. Фокусот 1.6 треба да е тука некаде во цена со бензински мотор, тоа е исто супер. Меганот 1.6 ти е 12.000.
Јас би одел по тој редослед. За тие пари тоа...
Tischläufer:
Значи за Опел и Шкода гарантирам со глава дека можеш да купиш со фабрички плински уред.
Шкода октавија со плин мислам дека е диалбрејкер. Кога би имал 11.000 евра би земал таква. А Хундаи и20 чини 10.200 со 1,2 и фул опрема. Тоа не ти е лоша идеја. Се имам возено во такво и ми остави добар впечаток што брзините му се малку подолги од стандардното за таа зафатнина. 3000 вртежи со втора=45км/ч, со трета 65, со 4-та 90, со 5-та 110.
А за тоа кој е најекономичен е многу релативна работа. Разликите се ептен минимални. Познатите цифри за потрошувачка се моментален стандард во индустријата и мислам дека сите се движат во тоа поле +-5-10%.
marjanot:
Вака, не сакам да бидам сватен пристрасно, ама сум, :) 3-та генерација Сеат ми е.
За истата цена кога бирав меѓу Голф и Леон за истиот 1.4TSI мотор, добив плус: паркинг сензори, хил холдер, ESP, 17’ бандажи, темпомат, УСБ, патосници оригинал Сеат.
Леонот зимово, градска, со зимски гуми, над 8,5 нема потрошено, просек на резервоар ми е 8,2. На отворено 6-6,2.
Зошто го пишам ова, има добра понуда за 1.2TSI кој е поекономичен, а перформансите за грото градска употреба му се и те како добри.
За дизел, мислам дека во моментов кога би бирал би се одлучил за Меган 1.5dci 105ks. Мислам дека нуди добар однос цена/перформанси/економичност.
zOkO:
--- Цитат: Falanga на 18 Јануари 2011, 13:22:17 pm ---Значи за Опел и Шкода гарантирам со глава дека можеш да купиш со фабрички плински уред.
--- Крај на цитатот ---
На Октавиите од наше такси, плин им е местен у МК (мислам дека некоја соработка меѓу Порше и Плимонт), а за Опел не сум чул досега мада и за нив мислам дека пред продавање тука им местат. Ако си у Наше Такси ѕирни на задња страна на сообраќајна дали има печат дека е уграден плински уред
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија