A иначе, PSA веќе има најавени плаг-ин хибриди.
Тоа е целта, а не economy of scale. Да не се лажеме, economy of scale е лесно да се постигне. Scale штотуку си добија онака, да не се замараат премногу, плати си - доби си, како и цел сет на нова технологија за нив, технологија веќе 10 години стара и размислувана.
За да се постигне Economy of Scale во автомобилска индустрија, треба да се постигне што е можно поголема продажба. PSA сами по себе го достигнаа максимумот кој можеа да го постигнат, и им требаше да купат уште брендови за да можат да ја зголемат продажбата. Затоа го купија Опел. Затоа се спојуваат со FCA.
PSA не „доби“ никаква технологија од Opel. Всушност, PSA гледа колку што е можно побрзо да ја исфрли технологијата од Opel, од повеќе причини - прво, за да не плаќа лиценци кон GM, и второ, заради тоа што технологиите на Opel немаше да ги исполнат еко стандардите кои се наметнуваат од 2020-некоја. Затоа и го убрзаа префрлањето од GM на PSA платформи, со PSA мотори, менувачи и хибридни технологии.
Да не праиме муабет дека GM фино лепо го исполажа PSA за еко-прифатливоста на нивните технологии. PSA дури бараше пари назад, не знам што се деси со тоа, не сум 100% во тек.
Economy of Scale. Ништо повеќе.