Автор Тема: Macbook Pro, Iphone 6, Iphone SE  (Прочитано 1060 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Macbook Pro, Iphone 6, Iphone SE
« на: 09 Октомври 2019, 10:11:01 am »
Здраво живо,

Бидејќи се подновив, стариве уреди ми идат на продажба.
Значи, продавам:

Ајфон 6, 64гб, во исправна состојба, лани е заменета батеријата преку Ејпл програмата, така да имам и сметка од промената.
Телефонот работи беспрекорно, нема оштетувања, освен редовни знаци на употреба. Ако му значи некому нешто, ја имам и кутијата и оригиналниот полнач и по некоја заштитна маска.









Ајфон СЕ, 64гб златна боја, исто во одлична состојба, тек сега гледам дека жена ми ни најлонот од задна страна не го одстранила. Има и заштитна фолија напред, така да на сликите се приметува околу слушалката.
Моментално работи на последниот ИОС систем. Исто ја има и кутијата ако некому значи и оригиналниот полнач







И последно, шиткам Macbook pro mid 2012 15"
Компјутерот е функционален, работи се но со исклучена екстерна графичка.
Дефект од Ејпл е дека графичката некако се одлемила со тек на време и многу работа, така да јас лично чачкав у кернел и успеав да ја исклучам и моментално работи само на интегрираната графичка картичка.
Компјутерот е функционален, али мислам дека има фиксно ниво на светлина на екранот (бидејќи го сетирав преку дос, па не знам дали може да се поврати таа функција) и не оди на стенд бај.
Колку што читав по нет, има опции да се повратат овие функционалности а истовремено и да се поправи и дефектот со графичката. Јас немам време да се зезам со тоа па напраив тоа што можев во најбрз можен рок.

Надворешно е во одлична состојба и нема никакви механички фалинки.
Батеријата е во солидна состојба, полначот е во функционална состојба али не у одлична. Имам уште еден оригинален полнач кој го купив за да искомбиниран кабли, но никад не се нафатив.
Има ССД хард од 256 гига. Останати технички работи се гледаат на сликата подолу:











Цени:
Ајфон 6 - 150 евра
Ајфон СЕ - 150 евра
Мекбок - 350 евра

У цените има простор за договор.
Доаѓам месецов у МК па ако има некој заинтересиран може да ги донесам натаму.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Macbook Pro, Iphone 6, Iphone SE
« Одговори #1 на: 04 Ноември 2019, 07:40:42 am »
Bump,
Ajfonite otidoa, ostana uste macbook-ot.