Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 519771 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9726
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2700 на: Јануари 15, 2021, 18:50:51 pm »
Чисто ме интересира Плимонт.

Имате LPG системи за 1.5 TSI (GDi) 150КС ? Оној што сега се вградува кај VAG возила.

Слушнав дека имало некој скап систем што потрошувачката на бензин ја сведува на 2%.

Ме интересира дали сте слушнале за такво нешто и/или систем со 20% бензин 80% LPG?

На Youtube гледам ставаат Prins Vsi-Di2.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 797
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2701 на: Јануари 16, 2021, 12:10:33 pm »
Чисто ме интересира Плимонт.

Имате LPG системи за 1.5 TSI (GDi) 150КС ? Оној што сега се вградува кај VAG возила.

Слушнав дека имало некој скап систем што потрошувачката на бензин ја сведува на 2%.

Ме интересира дали сте слушнале за такво нешто и/или систем со 20% бензин 80% LPG?

На Youtube гледам ставаат Prins Vsi-Di2.

Здраво
Да, имаме плински системи за возилата со новите 1,5 TSI/TFSI мотори на VW групацијата. Тоа е  Landirenzo Omegas Direct, кој е достапен  за следните верзии на 1.5 моторот
-1,5 TSI/TFSI, 110 kW, код на мотор DADA
-1,5 TSI/TFSI, 110 kW, код на мотор DPC
-1,5 TSI/TFSI, 96 kW, код на мотор DPB
Процентот на учество на бензинот во вкупната потрошувачка кај Ландирензо во овој момент е декларирана на 15%, во пракса очекуваме до 20%, но тој зависи и од други фактори,  квалитет на бензинот, состојба на возилото,  режим на возење. Послаб квалитет на гориво и присуство на проблем во моторот ќе го примора компјутерот на плинскиот уред да вбризга повеќе бензин за да добие мирна работа на моторот. Исто така , при возење на отворен пат процентот на учество на бензин е пониска. Ландирензо уште во 2014 година постигна учество на бензин од 7%, но по кратко време препорача враќање на стандардната софтверска калибрација со 15% бензин. Причината е што при толку малиот проток на бензин низ бензиските инјектори, повеќекратно се зголемува опасноста од нивно запушување. Ова е проблем за кој сите производители на плински уреди за директ мотори бараат решение. Производителот Принс долго време го форсираше Direct Liquimax ситемот  , со вбризгување на плин во течна фаза.  Во пракса, заради повеќе проблеми во функционирањето, овој систем не се распространи. За нивните Vsi-Di системи во брошурата на Принс е наведено дека учеството на бензинот е под 5%. Сепак за овој систем во моментов немане информација за неговите реални перфоманси.
« Последно менување: Февруари 01, 2021, 09:09:01 am plimont »

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 460
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2702 на: Јануари 31, 2021, 10:39:21 am »
Здраво, ме интересира дали е можно да се монтира плински уред во возило од ПСА групација 1.6 THP мотор

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 797
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2703 на: Февруари 01, 2021, 08:59:24 am »
Здраво, ме интересира дали е можно да се монтира плински уред во возило од ПСА групација 1.6 THP мотор

Здраво

Се работи за мотори со директно вбризгување. Ние имаме опции за вградување на плински уред во следните верзии на 1.6 THP моторот на PSA :
-1.6 THP , 115 kW, engine code 5F02
-1.6 THP , 120 kW, engine code 5F06
-1.6 THP , 115 kW, engine code 5FR
-1.6 THP , 103 kW, engine code 5FT
-1.6 THP , 147 kW, engine code 5FU
-1.6 THP , 115 kW, engine code 5FV
-1.6 THP , 110 kW, engine code 5FX
-1.6 THP , 128 kW, engine code 5FY
Цените се движат од 850 до 980 евра, време на вградување 2 дена. Секогаш потсетуваме дека по вградување на плински систем наменет за  мотори со директно вбризгување, возилото ќе троши истовремено и плин и бензин во сооднос 70-80% плин и 20-30% бензин

Поздрав

Отсутен BakiMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2704 на: Февруари 24, 2021, 17:24:02 pm »
Zdravo plimont dali moze da mi odgovorite za Honda Civic EP1 1.4 66kw 90kc koj plinski ured bi mi predlozile i dali treba kapalka da se stavi, i koja bi bila cenata.  :)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 797
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2705 на: Февруари 25, 2021, 10:24:13 am »
Zdravo plimont dali moze da mi odgovorite za Honda Civic EP1 1.4 66kw 90kc koj plinski ured bi mi predlozile i dali treba kapalka da se stavi, i koja bi bila cenata.  :)

Здраво

Препорачан уред за ова возило е Ландирензо Ево, со цена од 540 евра, со 3 години гарантен период. Нема потреба од капалка за ладење на вентилите.