Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 361614 пати)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1200
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2565 на: Март 11, 2019, 13:47:46 pm »
Јас кога ставав плин, ми кажаа дека ставиле 42 литра боца, па еве досега секое полнење собира 41-41,5 литри. Е сега ако ставиле 45ка (на пример) па да ми кажале 42 као 42 литра вкупно собира...не знам. Заборавам да проверам по документите, би требало таму да пишува каква боца има (ако не ги собраа тие документи при атестирањето)

На последното полнење мое на ТопТрејд, на 42 литра боца, бацето 49 ми натанкира :D
Му викам, абе 42 литра ми е боцата, како 49 !! Толку вика мерачов, исправен е...

Хахахахах, да си проба ако помине :D И мене еднаш на Макпетрол као собра 43 ама видов на момент не дихтуваше адаптерот на скриената полначка и цревото, и тушеше на страна :D Се сомневав и јас да не ме дерат редовно, ама станува збор за околу 50 различни полнења со секогаш просек околу 41 кома нешто литри, секогаш на празна боца, на различни бензински во различни градови (неколку пати и различни земји). И просекот на потрошувачка ми е реален (8-9 л/100км) така што сеуште се мозгам што е работата со полнењево, дали е поголема боца или ја стискаат до крај...

На Лукоил на влез во Автокоманда, го пушта прекинувачот за плин и плинот си почнува, и негде околу литар и нешто почнуваат вибрации на колата од полнењето.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 80
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2566 на: Март 11, 2019, 13:51:42 pm »

Не разбирам, велиш дека крадат со прекинувачот (дилеј нешто)? Се' има... Баш ме интересира став на Плимонт во врска со боциве и тоа колку собира внатре.

Отсутен ZilePunto

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5312
  • Плинаш!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2567 на: Март 12, 2019, 00:45:10 am »
Во боцата има сигурносен вентил кој не дозволува боцата да се полни до крај. Е сега на некои го вадат(прештелуваат) тој вентил и боцата може да се пуни до крај.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 755
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2568 на: Март 15, 2019, 08:52:26 am »
Здраво,имам гранде пунто 1.2  8в 2007год.2013год.ставив во Плимонт   ЛАНДИ ПЛУС МАКС уред.  Во возенје потешко префрла на плин особено кога е поладно  времето. Се случува ако возам побрзо префрла тек на 90 степени односно на работна температура,обично колку и да е ладно времето префрлаше на некои 45 степени.Дури и овие денови кока денските температури се повисоки тешко префла дури на некои 70-75 степ. Како да мрзне плинот. Приметувам и кога ке застанам на семафор или некој застој температурата на водата при поагјанје пагја за некои 10 степени и веднаш се качува.Го исклучувам термостатот како варијанта дека останал заглавен на отворено бидејки е релативно нов ,а и колата постигнува работна температура,а и цревото за вода што е долу на хладнјак е ладно.Термостатот е сменет пред околу 28К,но и со расипаниот термостат плинот си префрлаше нормално иако температурата на водата не се кацуваше над 70степени,односно не можеше колата да постигне раб. темп.Да напоменам дека и двата филтери за течна и гасна фаза се сменети пред околу 12к кај вас во новиот сервис во Аеродром.Ме интересира што може да е проблемот.

Мора да се види возилото и плинскиот уред и да се тестира со возење. Филтрите немаат улога во времето на префрлување. посетете наш сервис за да се утврди проблемот.*
« Последно менување: Март 15, 2019, 09:26:42 am plimont »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 755
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2569 на: Март 15, 2019, 09:30:28 am »
Kolku od prilika treba da trosi kapalkata za ulje za razladuvanje na ventilite?

Na primer 100 gr na mesec - dva? Go sledam nivoto kaj mene, nekako slabo trosi ulje, a eve pominati se 1500-2000 km.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Здраво
Капалката треба да дозира 1 капка на секои 9 до 12 секунди. Една доза адитив од 1/2 литар треба да се потроши помеѓу 3500 и 5000 км

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 755
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2570 на: Март 15, 2019, 11:14:44 am »
Плинаши, дали сите боци берат 80% од капацитетот на боцата ? Така прочитав на страната на Плимонт, дека имале некаков вентил за заштита, кој не давал да се наполни повеќе од 80%, ама немам заприметено дали и кај мене е така во реалност..

Здраво

Полнењето на автогасниот резервор го регулира мултивентилот кој се поставува на самиот резервоар, а истиот ја гарантира и неговата безбедност. Полнењето може да се ограничи на 80%. Ние овозможуваме  мултивентилот  да дозволи целосно полнење. На тој начин добиваме полнење на резервоарот од 70-90%, ретко и до полн резервоар. Причината е различниот притисок на пумпите кои во пракса штелувањето на 80% го прават неприменливо, односно резервоарите често ќе се полнат и под 50%. Самата безбедност ја обезбедува мултивентилот, кој при евенуално покачен притисок на гасот во резервоарот над дозволениот (заради судар, висока температура, премногу висок притисок на полнење на пумпа) контролирано го испушта гасот под возилото се додека притисокот не се спушти на безбедно ниво.
За разлика од бензинот, полнењето на автогасниот резервоар се прави под притисок. Автогасот под притисок се втечнува во резервоарот, што значи дека посилна пумпа со поголем притисок ќе внесе повеќе гас во резервоарот. Различните притисоци на пумпите резултираат со разлика во максималното полнење на резервоарот, кое варира од пумпа до пумпа.

Присутен Mikius

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1716
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2571 на: Март 15, 2019, 11:39:49 am »
Така ми имаа објаснето кога првпат монтирав плински уред и од тие причини секогаш точев во одредена количина на литри.
Ако требаше да дополнувам си пресметував грубо според дневна километража колку сум потрошил.