На кратко ќе ти влетам во темата со моето сценарио, за 7 години додека го имав Голфот 5-ка, често ми се случуваше да ги оставам клучевите на бравата внатре и да ја затворам вратата и никогаш не се заклучуваше сама. Кога се породи сопругата и кога бев првпат да ја видам и да и однесам нешто на клиника, во брзање после да платам паркинг, излегов од колата со клучеви внатре и ми се заклучи. Блокирав 3 коли кај куќичката за паркинг, во тој момент не знаев што попрво да правам, добро што не си го скршив стаклото, земање такси до дома за резервен клуч и трк назад. Оттогаш ми е страв да оставам клучеви внатре во кола било кола. Не знам што му текна на Голфот да се заклучи сам, а претходно ниту еднаш не се случило.
Сличен проблем со старата кола, Фиат Стило, 2 пати ми се заклучи со клучот внатре, и одма направив 2 резервен кој сопругата го носеше со неа, за секој случај.
Татко ми на пример, никогаш не остава кола да работи во место и секогаш клучот му е во рака. Го носи од друга причина, да не му ја украдат колата.