Ми текна да се осврнам на еден малку познат факт дека 4 цилиндричните мотори се всушност механички многу лоши мотори - од инжињерска гледна точка. Обично го кажувам ама незнам дали сум го напишал.
Што се случува кај секој од моторите додека работи:
1.
Едноцилиндрични мотори. Имаат еден клип, и масата на клипот ја диктира вибрацијата која ја создава моторот. Најголемиот дел од движењето ќе биде нагоре-надолу. Но ќе постои и странично движење иако не толку силно.
2.
Двоцилиндрични мотори. Имаат два клипа кои одат заедно нагоре надолу. Исто како и погоре масата на двата клипа ќе го движи моторот нагоре-надолу. Ова е најлошата можна механичка комбинација на мотор. Практично невозможно да се избалансира.
3.
Три цилиндрични мотори. Тука лежи можеби најголемата од заблудите. Повеќето мислат дека овие мотори се четирицилиндрични без еден цилиндар, но неможе да се подалеку од вистината. Во секоја можна положба на клиповите моторот е тотално балансиран. Масата на сите три клипови не генерира никакво движење. Силите од клиповите се обратно насочени еден кон друг и потполно се поништуваат при движење. Од сите 6 насоки (3 линеарни и 3 ротирачки) овој мотор вибрира во само една ротирачка насока. Лесно се стабилизира со една баланс шипка.
4.
Четирицилиндрични мотори.Најчестиот мотор на денешницата нажалост. Овој мотор има два клипа долу и два горе. Делува наполно баласиран за лаичкото око. Тој е балансиран на работната фрекфенција на моторот. Но паразитските хармоници не се балансирани. Тие се случуваат кога радилицата е дијагонална и се случуваат два пати почесто од работната брзина. Ова се балансира со два баланс шипки кои треба да вртат два пати побрзо од моторот. Големите 4 цилиндарци над 2000цц обично имаат балансери, помалите ретко. Затоа толку многу тресат и треба да се избегнуваат.
5.
Боксер 2,4,6 цилиндри.Боксерот е наполно балансиран и механички совршен мотор.
6.
5 цилиндарски мотори.Поретки мотори. Комплетно балансиран прв и втор хармоник како кај трицилиндарците. Потребна е една баланс шипка.
7.
Шест цилиндрични мотори.Механичко совршенство. Шест цилиндарските мотори се вистинско чудо во механиката. Реткост е да се направи комплексен механички склоп кој ќе биде перфектно балансиран. Овој мотор е таков. Во секоја можна точка масата е еднаква. Кога цилиндрите се горе или долу тие се балансирани, симетричноста на дизајнот овозможува да се балансираат и ротирачките димензии. Па согласно тоа сите 6 насоки на вибрација се покриени. Ова е моторот кој треба да се употребува, заедно со боксерите. Се друго треба да се укине денес.
8.
V6 моториТоа се два три цилиндрични мотори кои имаат потреба од една балансерка исто како трицилиндричните.
9.
VR6 моториОвие мотори се сметаат за редени шестаци во механиката. Се балансирани исто како и шестаците и немаат потреба од дополнително балансирање. корисен мотор за помали коли.
10.
V8 моториИма два типа на V8 мотори едните се без тегови, едните со тегови. Оние кои се без тегови се исти како четирицилиндричните кои се користат во Ферари БМВ и други високотуражни машини. Тие се тешки за балансирање и вибрираат во вториот хармоник, но малку помалку од два четирицилиндарци (корен од 2).
Кросплејн V8 се оние познати американски мотори. Тие имаат цилиндри под 90 степени и со контратег на радилицата добиваат статус балансирани. Ваков контратег може да се користи само кај овие мотори. Исто така познати по прекрасниот звук кој го даваат.
11.
Десет цилиндрични мотори. Овие се исти како два 5 цилиндрични, односно 3 цилиндрични. Потребна е една баланс шипка.
12.
Дванаесет цилиндрични мотори се два шестаци и се наполно балансирани. Логичен избор за поголеми возила.
13.
W12 мотори се два VR6 мотори и е балансиран мотор сам по себе.
14.
W8 мотор е малку понебалансиран од флетплејн (ферари бмв) V8.
Повеќе тука.