Во план е Hotel Pavlina Beach
Се надевам ке се реализира
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бидна.
Местото е идеално за одмор.
Не е во населено место, односно најблиското Като Ахаја е на 4 километри од хотелот, Патра е 23 километри.
Хигиена 10-ка, храна 10-ка, таман си завршил а правиш план за следната, за разлика од Турците поскромен е ол-инклузивот ама се беше превкусно. Занимација за деца, базени, игротека...
Има преубава градина, терен за кошарка, тенис, пинг-понг, кои секако не беа искористени.
Хотелот ќе имаше чиста 10-ка од мене да беше посолидна плажата. Прво имаше разгибавање по скали, а плажата беше мешано камчиња/песок (не беше изненадување, гледавме претходно слики), водата топла и чиста.
Во хотелот беа претежно Чеси, нешто нашинци и послабо Руси и Срби. Беше полн, но во ниеден момент не пофали место ниту на плажа, ниту на базен, ниту во ресторан.
Патра (3 град по големина во Грција) е преубава, особено навечер. Шеталиштето, кафиќите се преполни но не се осеќа гужва, плоштадот убав, омладина брка поќемони..
Поглед од соба:
Плажа:
Посетивме и 2 плажи во близина, на 13/14 километри, едната е Калогрија на сосема западна страна, другата нема име и е богу иза леѓа преку еден пат што не е пат и едни стрмнини језа да те фати. Дифтарска плажа али си го вредеше маткањето, ситен песок, голема, вода кристална и бар насаден на неа каде има само фрапе и вода:
Се на се, одлично го поминавме одморот, се одморивме, а патот дефинитивно се исплати кога ќе се земе во предвид дека слична понуда на краците е околу 20% поскапа, лежалки никаде не наплатија само ти нудат да се напиеш кафе кое со вода го наплаќаат 2,5 еура и Јонско не се споредува со Егејско.
Натака (од кај Јанина) патарините чинеа цирка 20 еура сосе мостарина, а на враќање околу 32 евра (се враќавме од кај Ламија/Лариса)