Апдејт - санирана излупената маска од шалт таблата.
Почна вака, уште во првата година од купувањето на колата..
За од пред некое време да кулминира со ова..
Околу контролите за вентилацијата, не ми сметаше многу, освен на почетокот. Се лупеше по малку, ама eventually престана.
Ама ова на горниот дел од маската ме замараше многу. Се случи во Грција, додека бев на одмор. Колата цел ден на сонце, се поду со ситни меурчиња, а кога се излади да спласнат и да се случи резултатот погоре.
Во план ми беше нова да ставам, која ќе ме "олеснеше" за ~5.500 денари. Само чекав прав момент.
Се додека
@Rakun4e не се реши да си го среди кровот на неговата.
Прочачкав на ФБ, Service CAR Yugovski, освен со кровови, се занимава со репарирање и реставрација на пластики.
Краток контакт со
@Rakun4e, кој без збор се нафати да му ја пратам маската по карго, да ја пречека, да му ја носи на дечкото, да ја земе откако ќе ја заврши, и пак да ми ја прати по карго - благодарност, доживотна, и со дечкото од сервисот, се среди, и на мое огромно задоволство, прекрасно испадна. Се на се, четири дена, manpower и 1.000,00 денари. Резултатот..
Монтирана.
Околу монтажа - демонтажа, не е ништо комплицирано, стои на вкупно четири штрафа, и еден жлеб. Се вади пластиката пред пепељарата, маската околу упаљачот, фиоката и радиото. Штрафовите се на горниот дел од пепељарата и на страните од просторот за радиото. Се вади со остро и дозирано повлекување нагоре-наназад, да се откачи од жлебот. Се откачуваат контролите за вентилацијата, кои стојат на четири осигурачи, отворите за вентилација и копчето за четирите трепкачи, кои се држат на четири жлеба, и дисплејот најгоре, кој стои на два штрафа.