Хммм интересно
За половни автомобили, некако има останато моментот со јапонци или германци... Колку што знам, муабетот беше „стеј ауеј“ од италијани и французи... Дали и колку е ова сеуште оправдано, не знам... Стари Фиати кои што беа доста добри, беа Типо и Уно. Колку што имам разбрано, Рено Клио од втората генерација е прилично добро половно возило.
Иначе, за јапанците малтене и да не праи разлика на која варијанта ќе се оди, пошто се прилично „рилијабл“
Некако пар години уназад, Субару отскокнуваше во однос на другите, што не значи дека другите беа за бришење џамови, туку дека Субару бил за нијанса подобар.
Е сеа... З џрмнс... Не знам, ама мислам дека на што и да иде чоек, а да има VW значка, нема да згреши. Фордовите се исто така поприлично добри... Е за Опел не знам... Некако немам премногу поверење во нив, пошто се дел од америчка групација. Со оглед на тоа дека до неодамна (до пред кризата), само Опел уствари беше единствен функционален дел во машината на ЏМ, и токму Опел беа тие што навистина прават нешто во животов, влева некоја доверба. Ама кај мене лично, не премногу, па затоа ми се трети на список
За скапите германци нема да муабетам, пошто немам баш некои релевантни информации.
Како и да е, ниедна статистика не треба да игра преголема улога во одлуката, пошто статистиката нема врска со примерокот... Она што сакам да кажам, е дека обавезно треба, не, МОРА да се направат серија тестови во веродостојни сервиси (ретко кога тука спаѓаат официјалните и импортерските), врз избраниот примерок, без разлика на потеклото на истиот.