Автор Тема: Renault Kangoo 1.9 D  (Прочитано 4170 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Renault Kangoo 1.9 D
« на: 11 Декември 2010, 23:19:59 pm »
Еве да го претставам моето возило, можеби малку невообичаено зошто е товарно, но во моментов го користам и како службено и како приватно, се надевам за брзо ќе можам да се пофалам и со уште едно возило. Значи колата е Renault Kangoo 1.9 обичен дизел, од 2004 година е ја купив со 80000 километри за 4000 евра, товарно е од опрема има воздушно перниче, серво волан и централна брава со далјинско, во моја сопственост е од мај месец годинава, сменето имам 4 нови гуми hankook 175/65 R14 и масло и филтер и најново денес променив антифриз, ставив адитив за масло и два адитиви за гориво едниот за прочистување едниот против мрзнење, сите адитиви се liqui moly. Од колата сум задоволен си ја брка работата за која е и купено, потрошувачката не му е многу голема околу 7 литри комбинирано, малце ме нервира што не покажува прецизно колку гориво троши ама изгледа тоа е мана кај повеќето рено возила, истиот проблем го има и татко ми со клиото. Ако има некој прашања повелете, а сега еве и некоја слика







Cylinders:                           4
Displacement:                   1870 cm3
Power [KW(hp)/RPM]:           48(65)/4500
Torque:                           88.5/2250 lb-ft/RPM (120/2250 Nm/RPM)
Fuel System:                   Indirect Injection
Fuel:                                  Diesel
CO² Emissions:                   181 g/km
Top Speed:                           145 km/h 
Acceleration 0-100 Km/h:   19.5 s

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #1 на: 12 Декември 2010, 04:55:17 am »
Увек ми биле слатки овие Кангуава... Би те прашал како се понаша на пат, пошто сепак е комбенце... Ме интересира од аспект на комфор, држење на пат и слично. Имам искуство со Сеат Инка (не се произведува веќе нели), ФВ Кеди, Форд Транзит Конект и Мерцедес Спринтер. Мерцедесот не ќе да е во оваа класа, така да, ќе го тргнеме настрана... Ме интересира Кангуто какво е онака, за секој ден, ама како службено возило. За мене, Кеди е убедливо најбољи избор сега за сега, поради тоа што има фантастично држење на пат и возни карактеристики, со оглед на тоа што е товарно возило. Што е уште побитно, внатре не се осеќа како комбе, туку како патничко возило. Ова не е баш случај кај Фордот и кај Фиат Добло. Со францускиве модели неам никакво искуство, а наскоро ќе треба да набавувам ново службено, па ме интересираат искуства со Кангу, како еден од потенцијалите. Иако знам дека сега има нов, сакам да знам, какво е старото Кангу за секојдневен живот.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #2 на: 12 Декември 2010, 11:44:35 am »
Претходно кога одев службено до Скопје одев со клиото на татко ми, 1.2 бензинец од 1995 година, кога ќе се вратев од Скопје два дена ми требаа да се рехабилитирам, ме болеше врат грб, катастрофа. Со кангуво кога ќе се вратам после долг пат се осеќам како да сум седел во дневна соба, има одличен комфор, одлична амортизација и серво воланот доста придонесува за лесното возење. На пат се понаша одлично, за низ град е малце тромо но 1300 кила тежи, а има само 65 коња, па мислам дека е нормално тоа. Ако се одлучиш за кангу и земаш половно би ти препорачал 1.5 dci, помала потрошувачка, а ништо полоши перформанси, а ако земаш ново што и да одбереш од таа класа нема да згрешиш ти остануваат само цената и личниот вкус фактори за избор

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #3 на: 01 Мај 2011, 20:12:49 pm »
Пошто и јас имам вакво Кангу, товарно но малку постаро од 2001год мам да го пофалам дека имам поминато 190000км во екстремно тешка експлоатација и не покажува знаци на умор. Инаку комфорно удобно, пријатно за возенје и не премногу бучно, бидејки сепак е товарно возило. Но на брзини од 80-100км/ч е ептен лезетско. Се на се одлична кола

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #4 на: 03 Октомври 2011, 00:45:04 am »
да ја освежам малку темава, на кангуто се ставени osram night breaker и задоволен сум од резултатот, даваат убава бела светлина и подобро осветлуваат од обичните халогенки, сега позицијата ми жолтее ама по сугестија на зеро најверојатно ќе ги извадам позиционите, еве и слики






Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #5 на: 03 Октомври 2011, 19:35:31 pm »
Од Охрид ги зеде осрамот, ако од Охрид од каде и колку?
Секој ден сум сега Охрид уствари поминвам па да видам да си земам и за мене, имам јас едни кинески шо знам јас какви се... 500 ден.
Супер светат.
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #6 на: 04 Октомври 2011, 00:06:21 am »
ги зедов од карнер од Скопје, 1120 денари парот, а во Охрид имаш во новата бензинска на лук оил, за цена не знам да ти кажам

Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #7 на: 04 Октомври 2011, 01:13:47 am »
Океј фала ќе видам ќе проверам.
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #8 на: 30 Октомври 2012, 13:38:22 pm »
може клуч на темава, колата е продадена.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Renault Kangoo 1.9 D
« Одговори #9 на: 30 Октомври 2012, 14:06:20 pm »
со здравје да си ги трошиш парите :)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)