Бидејќи трубам по постови и по приватни пораки веќе некое време, и упорно не се прифаќаат некои работи, ќе ги нагласам пак, а ќе ги додадам и во листата на правила на форумот.
Цитирање
Кога одговарате на некого, нема потреба од цитирање ако одговарате веднаш по постот. Ако одговарате после неколку постови, можете или да цитирате, или да напишете @тојитој. Нема потреба да цитирате ако на пост од 20 реда одговарате со 2 реда текст. Полесно е да напишете @тојитој или да го цитирате само релевантниот дел од постот.
Дупло постирање
Иако ова е дел од правилата, не верувам дека правилата некој ги чита. Ако сакате да одговорите на повеќе луѓе или да цитирате повеќе постови, можете да го направите тоа во еден пост. Нема потреба од пет различни постови. Ќе разберам дека ваква грешка прават нови луѓе на форумот, ама не би го очекувал од ветераните на форумов.
Back-seat модерирање
Ако сметате дека некој пост или тема не е во ред, можете да ја пријавите. Коментарите од типот на „јас мислам дека ова треба да се избрише“ се непотребни. Јас и останатите модератори ги читаме сите постови и теми на форумот, и иако може да ни се случи да ни кидне нешто, воглавно следиме што се случува.
Приватни муабети во јавни теми
Муабети од типот „еј, абе каде учиш, го знаеш ли овој или оној“ не се потребни во јавни постови, па уште бетер ако тераат оф-топик во постови во кои што не припаѓаат. За такви постови ја имате Рекла-Казала темата, а уште подобро имате приватни пораки.
Обраќање на членовите по име
Сите имаме надимаци тука кои што сме си ги избрале, и ни даваат одредена доза на анонимност, барем пред луѓето кои го читаат форумот а не се редовни, и не ги знаеме од собири и дружења. Можеби некој не сака да го викате по име јавно, кога веќе си има избрано надимак. Пред да му се обратите на некого по име, прашајте по ПП дали може да му се обратите по име јавно.
Благодарам за вниманието.