Автор Тема: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !  (Прочитано 2388 пати)

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« на: 06 Декември 2018, 20:48:53 pm »
The Lagun is on sale  :)  Дечки си ја продавам Лагуната, ја купив пред една година и дојде ред по сплет на околности да ја продадам и како плус на тоа ми е голема за мојте потреби. Се работи за Рено Лагуна 2, произведена крај на 2005 година, донесена од Германија пред нецели две години, има поминато на табла 110 000 км, кои според приказната на претходниот сопственик најверојатно се и реални. 

Значи :
- 2005 година
- Регистрирана до Мај 2019
- 2.0 16v 99kw - бензин, со вграден плин пред една година.
-  Од опрема стандард : двозонски климатроник,  електрика на прозорци и ретровизори, АБС/ЕСП, полукожни седишта, цд шаржер, две картички и слично...
- 17 -ки алуминиумски бандажи со одлични All season  гуми  и 16-ки челични со не многу добри гуми
- Направен голем сервис(сет ребраст со водна пумпта и  нови свеќици)  пред 3 000 километри, исто тогаш и мал сервис, масло ,филтри.
- Сменети задни амортизери пред некој месец, сеуште под гаранција... исто така имам и нови гумици за задниот трап (мана на Лагуните, паѓаат на околу 100К км) кои не се монтирани, добри се сеуште старите.

А да, со неа одат и гратис НОВИ H&R 30мм спирали, немонтирани кои си ги чував за на пролет да ги монтирам, па сега ќе видиме дали ќе ја дочувам да му се израдвам :)

Еднина "мана" би му била малку крцкавиот препознатлив ентериер за овие Лагуни и акумулаторот кој е малку стар ама сеуште пали без проблем.  Еве и некоја слика













Цена : 3 500e - Никола 075 505 942 Можи би прифатил и замена за помало количе, немам сеуште одлучено за сигурно, пре би кеш.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #1 на: 06 Декември 2018, 21:08:08 pm »
Не се срамувај,пиши замена за алфа јтд 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #2 на: 06 Декември 2018, 21:34:09 pm »
Хаха, доста е една пред куќа, со две веќе ептен многу мајстори ќе имаме за пријатели  ;D Се смеам,  би ги чувал парите за onе way ticket  :D

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #3 на: 02 Јануари 2019, 18:05:25 pm »
Карклуб цена   - 3300е.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #4 на: 17 Февруари 2019, 11:52:14 am »
3 250€

Тешки за продавање французите  :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #5 на: 17 Февруари 2019, 13:12:30 pm »
Тешко општо се продаваат коли кај нас 😁

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #6 на: 17 Февруари 2019, 13:44:56 pm »
Богами, појќе коли има од луѓе во државата.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #7 на: 17 Февруари 2019, 14:09:04 pm »
Opni slika od golf 4ka da vidis kje ti izgorat telefonot :)

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #8 на: 27 Февруари 2019, 17:10:43 pm »
Продадено.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #9 на: 27 Февруари 2019, 17:42:35 pm »
Што би рекле србите: Спусти цену спустили те у гроб!

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: RENAULT LAGUNA mk2 2.0 16v - бензин/плин !
« Одговори #10 на: 27 Февруари 2019, 20:27:07 pm »
3100€ , таман си е  :) Кај вас во Скопје ја пуштив, да ја испогребите  ;D Таква Лагуна нема во Скопје, одма ќе ја препознајте  :-*