Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1368132 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4035 на: 08 Ноември 2014, 22:30:30 pm »
Порано колите беа полесни и поспори.

Стоќец, фамилијарниот среднопросечен седан од 1974, тежи 800 кила и во реалноста ретко вози над 100. Денес, најмалото поло со две врати е тон и кусур и на аутопут крева 120+ редовно.

Или, земи Голф 1. Колку е полесен од Голф 6? Голф 6 е грамада во споредба со Голф 1. Колку беше брз основниот Голф кец, а колку е денес брз основниот Голф 6?

Тенденцијата е јасна - во рамките на една иста класа, денес колите се поголеми, потешки, помоќни и побрзи.

Е сеа:

Кинетичката енергија (против која се „бори“ тракцијата од гумите!) зависи од масата и од квадратот на брзината. Тракцијата која е потребна да застане/забза/сврти кола од 800 кила при типична брзина на автопат од 1974 не е ни приближно истата со тракцијата поребна за кола од 1500 кила при типична автопатска брзина од 2014. Енергијата (а со тоа и тракцијата) е поголема за неколку пати - равенката е квадрата, а не линеарна. Просечните сили на кои е изложена гумата денес е далеку, далеку поголема од онаа во времето на нашите татковци.

Затоа, порано можело со едни исти трајал и лето и зима: да има доволно шара, па кога има снег - полека и тоа е тоа. Денес не.

И тоа не е сè:

Баш затоа што денес нема шанси со една иста гума и лето и зима, произведувачите летните гуми ги прават многу по погодни за лето но уште помалку погодни за зима (рачунаат дека имаш зимски). При дизајнирањето на летна гума произведувачот воопшто не обрнува внимание како таа гума ќе се понаша на снег, пошто нормално ќе имаш зимски гуми. Произведувачот воопшто не бара никаков компромис (освен олсизн, јасно). Па така, денешните летни гуми на снег имаат полоши својства од летните (т.е. единствените) гуми од пред 40 години - но и подобри својства на сув вруќ асфалт. Порано не било така. Порано добра трајалка требала да биде добра и на вруќ асфалт, и на дожд и на снег. Денес не. Денес е друг „филмот“.

Затоа, искуствата на нашите татковци со едни исти гуми цела година и просто повнимателно возење на снег треба да ги оставите каде што им е местото - во историјата. Денес се други условите. Гумата е исправена пред многу поголеми предизвици. Многу повеќе се бара од неа. Така да не се заебаајте „е како можело порано а денес не може?“ Така, шарено, порано можело сега не може. Денес треба 2 сета на гуми и тоа е тоа. Тоа не е некоја нова странскопедерска мода, туку насушна безбедносна потреба.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4036 на: 08 Ноември 2014, 22:44:48 pm »
Да, денес летата се со енормно високи температури, а зимите сибирски... Внимателно возење сака секогаш, а гумите не се само за кочење. Ја на Шапка се качував и симнував со Лада на 30цм снег или мраз без потешкотии. Одев и во Шипковица, Бродец... Никад сум немал проблем иако со истите гуми возев и во Турска на плус 40 степени.
 Да не се разбереме погрешно, апсолутно се согласувам дека за зима си сака зимски гуми или летни за во лето, ама друг беше муабетот. Моето тврдење беше дека Гудјер Вектор форсизнс е прекрасен компромис за оние кои не можат да си приуштат уште еден комплет бандажи и гуми за секоја сезона...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4037 на: 08 Ноември 2014, 22:49:17 pm »
Да, денес летата се со енормно високи температури, а зимите сибирски...

Нема врска тоа. И да се исти летата и зимите како порано, финтата е што денес колите се потешки и побрзи. ЗАТОА денес треба башка зимски гуми, а не затоа што денес е поладно.

Барањата од гумите денес се други (многу построги!) затоа што КОЛИТЕ се други, а не затоа што температурите се други.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4038 на: 08 Ноември 2014, 22:53:21 pm »
Како можеле да направат гуми за коли што иделе до 120 максимум и тежеле 800 кила, што е толку проблемот денес со уште поразвиена технологија да се направат гуми за коли кои идат до 200 и тежат 1500 кила ?
Овакво прашање имам поставено и за вентилите кои страдале од согоравањето на плинот затоа што тој поголема температура стварал. Зашто со развиена технологија не прават уште подобри и поиздржливи возила ?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4039 на: 08 Ноември 2014, 23:00:43 pm »
Како можеле да направат гуми за коли што иделе до 120 максимум и тежеле 800 кила, што е толку проблемот денес со уште поразвиена технологија да се направат гуми за коли кои идат до 200 и тежат 1500 кила ?

Прават.

Зашто со развиена технологија не прават уште подобри и поиздржливи возила ?

Прават.

Не заборавајте дека денес и безбедносните стандарди се каде-каде повисоки отколку порано. Технологијата се користи не само за брзина туку и за безбедност. Една иста гума просто не може да биде топ и на вруќ асфалт и на подмзнат бучкуруш. Таква гума е компромис. А при 120+ на саат со кола од 1500 кила неќеш компромиси - заради безбедноста. Со кола од 800 кила таа безбедносна маргина има простор за мало растегнување. Но со кола од 1500 кила нема.

Тоа е физика. Не е ни мода ни политика ни белосветски заговор за дуплирање на продажбата на гуми.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4040 на: 08 Ноември 2014, 23:07:37 pm »
Да, денес летата се со енормно високи температури, а зимите сибирски...

Нема врска тоа. И да се исти летата и зимите како порано, финтата е што денес колите се потешки и побрзи. ЗАТОА денес треба башка зимски гуми, а не затоа што денес е поладно.

Барањата од гумите денес се други (многу построги!) затоа што КОЛИТЕ се други, а не затоа што температурите се други.

Да, ама денес имаат и АБС, БАС, ЕСП, ТЦС и триста други помагала, што мислиш зашто ги воведоа?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4041 на: 08 Ноември 2014, 23:15:07 pm »
Да, ама денес имаат и АБС, БАС, ЕСП, ТЦС и триста други помагала, што мислиш зашто ги воведоа?

Сигурно не затоа што летата биле пожешки од порано, а зимите поладни од порано.

Ти што мислиш, зошти ги воведоа?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4042 на: 08 Ноември 2014, 23:19:30 pm »
Не е културно на прашање да одговараш со прашање, ама разбирливо од твоја страна.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4043 на: 08 Ноември 2014, 23:21:41 pm »
И со толку безбедносни системи во возилава и со ете уште подобри гуми денес, пак има сообракајки и пак се гине по патиштава и тоа секојдневно. Негде работава смрди.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4288
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4044 на: 08 Ноември 2014, 23:23:58 pm »
Фило,џабе има подобри гуми ако не се возат такви гуми на возилата.Второ,летај со 150 на саат,ни Господ не те спасува.Незнам што не ти е јасно

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4045 на: 09 Ноември 2014, 00:08:57 am »
Некој да ми кажи нешто за Sava Eskimo S3 ?



Планирам да земам деновиве, 9000 денари се 14 со гратис балансирање и монтажа. Што мислам дека е ефтино..
Мислам не возам кола од 10.000 евра па да ставам гуми од 300/400 евра, а и не планирам на планина да се качувам зимава  :D :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20145
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4046 на: 09 Ноември 2014, 00:27:27 am »
Лизгаат на влажно ако правиш глупости ;D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4047 на: 09 Ноември 2014, 00:29:23 am »
Абе ако правиш глупости и на суво лизгаат  ::) можеби ќе те однесат во некоја трафика  ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20145
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4048 на: 09 Ноември 2014, 00:35:23 am »
Овие сигурно ќе те однесат ако не пазиш. Иначе не се лоши.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6868
  • Бенве сие бенве
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4049 на: 09 Ноември 2014, 08:28:10 am »
Добро е што се донесоа Нексенот со толку ниска цена во Мк, лани на полото му ставив 14ки Мишелин за 18 000ден и тоа едвај се исценкав за попуст во Олимпико, сега овие ефтиниве малку го раздрмаа пазарот, што мене како краен потрошувач многу ми одговара, исто пролетта Нокиан 16ки беа 20 000ден (ставивме на мерцедесот), истите ги купив крајот на летово за голфот за 15 500. Еве сега и Сава е со екстра цена, 9000ден комплет со монтажа е одлично, баш ме интересира која цена биле ланската зима.