Да ти објаснам накратко:
платното е залепено на една сунѓереста материја која во никој случај не трпи прелепување, ова ти го гарантирам. Ако најдеш дупче да протнеш прст, ќе го забележиш тоа и самиот.
Е сега решение ти е целиот тапацир да се извади, да се изрони сунѓерот, и потоа да го однесеш кај некој човек што претапацира каучи, столици и слично. Они ќе си набават специјален материјал за оваа намена, и ќе ти го средат.
Оваа процедура мене ме чинеше 1000 денари, со нивен материјал и работна рака, а ти би поминал со околу 2000, зашо нели, поголема површина имаш.
Поздрав и се надевам дека помогнав.