Идеата е од неодамна откако ми прсна кинеска ксенон сијалица во лупата и трајно ја оштети. Штета гаста што ја предизвика е трајна и не се репарира лупата, сега фарот свети само колку да се гледа пред полиција дека нешто свети а во принцип таа светлина што ја дава фарот е неупотреблива и очајна да не кажам и опасна. За целава ситуација имам 3 опции и тоа:
1ва: Нов фар (половен) и да си се вратам на старата Х7ца кое е најбезболно решение без многу заебанции.
2ра:Најдов едни момци во Трубарево кои се нафатија да ги променат 2те лупи во фаровите, со тоа што со тие две нови лупи би имал и Би-Ксенон.
3та: Оем ксенон фарови. Знам на некој Голфови веќе е направена оваа интервенција. Оем ксенон фаровите кои ги најдов низ Бугарија и тоа има избор, фаровите би ги земал со сите пропратни елементи кои ги има системот кои би биле потрбни за таа интервенција ако тој проект е изводлив и би се нафатил некој да го изведе, ја сум за оваа опција. Дали некој знае дали може ова да се изведе, ја мислам дека е можно бидејки при една дијагностика за колава видов на дијагностиката Headlight washers која чекаше само да се разбуди. Може нема врска тоа ама сепак...