Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)  (Прочитано 39706 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9529
  • Giulietta QV
Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« на: Јуни 30, 2017, 16:51:44 pm »
Пошто не ми текнува да се наканам да ја сликам како што треба, ќе ја представам и ќе ставам сликици што сум ги штракал рандом.

Се работи за Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde

Основни податоци:

Wheelbase    2634   мм
Track/tread (front)   1554   мм
Track/tread (rear)   1554   мм
Length   4351   мм
Width   1798   мм
Height   1465   мм
Kerb weight   1395 kg      
fuel tank capacity   60 litres
Drag coefficient   0.31

Capacity   1.7 litre   1742 cc
maximum power output   235 PS (232 bhp) (173 kW) at 5500 rpm
Specific output   133.2 bhp/litre
maximum torque   340 Nm (251 ft·lb) (34.7 kgm) at 1900 rpm
Specific torque   195.18 Nm/litre

Од опрема поседува се она што треба да поседува една кола, дополнително како стандард за QV има спортска суспензија, 18 инчни тркала, црвени шепи на диск кочници, а дополнително има стаклен кров.

Од опрема што очекував да ја има, а нема, е темпомат. Не дека ми фали, на Леонот во седум години 3 пати сум го уклучил, ама фали како цртичка или тире.
Нема резервно тркало, туку со колата следувало сет за самовулканизирање, кој фалеше кога ја земав колата. Под патосот од гепекот има дополнително простор за оставање работи.

Колата е од 2010 година и јас кога ја земав на километража викаше 64.933 км поминато.

На 65.090 км направив сервис каде беа променети масло, филтри, глицерин во Аутомобиле СК

На 65.283 км пазарени теписонски патосници по мерка од @Samad

На 65.292 км бандажите беа дадени кај @DARK MK1 GTI на средување

На 65.305 км сменети старите гуми, 2 Барум напред кои многу слабо ја држеа колата и беа пребучни и 2 Матадор кои беа на распаѓање, со Continental Premium Contact 6.

На 65.400 км хемиско и полирање, керамичка заштита кај @dame

На 65.648 км сменет акумулатор Topla затворен систем. Кога сум кај акумулаторот, тука падна првата Алфа дешавка. Најјако откажува акумулатор на Алфа: давам контакт колава пали, а ништо не работи и сите сијалички се запалија. Си викам, ту бре, одма ли да осетам од ова Алфава, дај бар малку да се порадувам. Ниту радио работи, ниту светла, жмигавци, НИШТО, само вози без проблем. Абе километражата не вртеше, си стои во место. Правец Аутомобиле СК, они викаат, абе овој фабричкиот е изгледа, трк по нов. И би нов.

На 65.656 км центрирана предница и задница кај Тихо.

На 66.300 км сменети свеќици во Аутомобиле СК

Следно на дневен ред е да сменам комплет каиши затегачи итн.

Околу колата.

Kолава уште откако излезе ми беше трн во око. Не можев да и ја сватам муцката, а ми беше преубава. Предните светла од напред ми изгледаа чудно, од страна убаво. А пак како целина ми беше еден од најубавите хечови и пред се различен. Ама секогаш сум ја гледал како скала повисоко од она што може би можел да си дозволам.

За годинава, уште претходната кроевме планови да земеме возило. Целевме на BMW 3 2009 >. Благодарејќи на форумов и пред се советите на @Luki Junior , доста научив за беемвејците и се фокусирав на тоа што треба да барам. Но, според моите критериуми, ќе требаше да се испружам барем 14-15 иљадарки. Па после некое време нечкање, калкулирање дојдовме до заклучок дека поголема кола од хеч не ни е потребна. КОлата се вози 90% низ град, треба да се паркира, со багажен простор сме немале проблем...така да пресекот беше, ОК, ќе тераме со Леонтич уште некое време, па понатаму ќе му ја мислиме.

Една недела откако баталивме „ново“ возило, некој ја стави Џули на оглас. Очите ми испаднаа. Според цената, не се ни заинтересирав на прва пошто очекував дека нешто не е во ред со колата. Па го прегледав огласот 5-6 пати. Па Алфистиве @Simo - Carrier159  и @cuoresportivo159  веќе и отишле ја пробале. Па и од @osmica8  доби препорака. Е маму му. Ај стегнав заби отидов и јас да ја видам. Славчо, продажниот менаџер на Олимпија, ми вика абе многу ја подценивме колава има интерес како за ниедна до сега. И ми ја прераскажа состојбата, па отидовме да ја пробаме на обиколница. И си отидов од Олимпија со палецот у уста. Викам да спомнам дома, ќе ме преселат сосе папучи и забрана за пристап најмалце 200 метри. Ама па ако не пробам...
Прво го пуштив огласот на госпожата, уште неприбран дома и добивам повратно колку е добра колата. Хммм...
Идам дома го посран голуб и госпожава ме гледа и ми вика:

- ама ти си бил и да ја возиш а?  :)
- да
- и?
- ај да седнам..
и си поприкажавме така и на крај се сведе на:
- Марјане, поживеј си го сонот додека можеш, ќе остариш па може ќе се каеш. Здравје, имаш време за пензионерски аута.

И така се стори работата.

Џабе се сите бројки погоре и забрзување и коњажа и ватажа, колава на секое притискање на папуча на гас те тера да се кикотиш во себе ко мало дете, а сопатникот до тебе скришно да кочи таму негде позади патосница. Оди ко по шини, кочи ко падобран да има позади.

Не ми се допаѓа звукот кога работи во лер (има дизелски звук), ама понатаму работи мазно и свилено до кај 2.700 врт/мин, па понатаму веќе е празник за уши.
За мој вкус се преблиску педалите и ми требаше некои 3 дена за да ги навикнам.
Ми смета што појасите не се подесуваат по висина, ама и на тоа се навикнав.
Ми смета што фиокичката над централна конзола не сум ја средил. Скршено е курето што треба да фати да се затвори и стои подотворена. (стандард било кај Џулиетиве). Или може ќе купам нова за 6.700 ден без попуст.

Ако треба да споредам со Леонот, во поглед на комоција ова e пола кола повеќе. Повеќе место позади, поудобна, поконфорна, поголем гепек. Зачудувачки многу место има лево од возачката позиција.
Квалитетот на пластиките внатре е одличен, чувството е премиум. Кожата е врвна, иако мене повеќе ми се допаѓаше перфорираната кожа на воланот на Леонот отколку мазната тука.
Многу сум поодморен после пат во Алфава иако е на спортско подвозје и со 18-ки, отколку што бев во Леонот на 17-ки и спортски спирали.

Да не се расплинувам, пошто роман напишав, колава се чува за внуци. Секој километар поминат со неа представува радост и задоволсто.

























































И едно видевце на крај:





Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1232
  • Велешанче
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #1 на: Јуни 30, 2017, 16:56:25 pm »
Ајде и јас еднаш прв да бидам. Со здравје да се вози :)
Project car: Opel Kadett C
Daily: Opel Corsa E

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4956
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #2 на: Јуни 30, 2017, 17:05:35 pm »
Честитки и од мене, сите знаевме дека ја имаш али не ја претстави, до сега.
Убаво ти кажала сопругат, е неа да си ја чуваш лепотане :D мислам дека секој од нас треба да има во едреден дел од животот Алфа, едноставно, тоа е "грешката" што сите треба да ја направиме во животот (освен Симо, он цел живот тера така :D )

Верувај дека нема да се каеш...ми е криво како претходниот газда можел толку да ја запушти ....
Со здравје нека вози и да не ве надживее

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24592
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #3 на: Јуни 30, 2017, 17:17:37 pm »
За арно, за убаво, за мерак и убави сеќавања! :)

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3050
  • GTI®
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #4 на: Јуни 30, 2017, 17:35:21 pm »
Мило ми е што падна кај тебе, па што и ти прави кеиф :)
Колата е фан та зи јаааа :) Уште долго да си ја следиме темава со такви убавини ;)
Аирлија ..

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 217
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #5 на: Јуни 30, 2017, 17:39:06 pm »

Да не се расплинувам, пошто роман напишав, колава се чува за внуци.


Посвојуваш?

Со здравје и памет да се вози!!! (гледајќи го гољфот на клипчето  ;D)
Љубоморам малце поќе  ;D

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #6 на: Јуни 30, 2017, 17:48:30 pm »
Создравје да си ја возиш, цице ауто, настрана голф гти мислам дека ова е моментално е еден од најдобрите ако не и најдобриот хот хеч. :D

Си размислувал за појачување у снага или ќе си остане вака како што си е?

Отсутен K92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 669
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #7 на: Јуни 30, 2017, 18:06:02 pm »
Со здравје да се вози, предобар избор!!
You have to pay attention to regular cars, and slalom through them. That's the way to drive fast.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #8 на: Јуни 30, 2017, 18:21:33 pm »
Прекрасна! Со здравје да си ја возиш. :)

Присутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9398
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #9 на: Јуни 30, 2017, 18:28:11 pm »
Прво, честито и браво за изборот! Да и се изнавозиш и да и се изнарадуваш.
Второ, браво за тоа што покажа дека за израснување на 3 деца не се потребни комбе и приватен автобус, туку брка работа и хеч.
Трето, во подобри раце тешко дека можеше да падне и браво за зборовите на жена ти! Многу значи да не те исфрлат од дома. ;D


Што се планови за понатаму?

Пошто е турбо и си фали звук, разгледај си нешто Supersprint или Raggazon..

https://www.supersprint.com/ww-en/alfa-romeo-giulietta-qv-1750-tbi-235-hp-2010.aspx


Не знам што сетап има овој, ама добро звучи.


Отсутен Busav

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #10 на: Јуни 30, 2017, 18:34:00 pm »
Со здравје да се вози

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9215
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #11 на: Јуни 30, 2017, 18:38:09 pm »
Еееете коонечно бидна темава!

Одлично интро морам да признаам!

Секое купување на Алфа е со срце, ...ако уклучиш разум си се заебал ;D


Создравје да се вози, долго да те служи, мерак да ти прави уште многу многу години.

И да, честито вирус



;D

Присутен ZilePunto

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5606
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #12 на: Јуни 30, 2017, 19:00:51 pm »
Турбо бензина!!!!! Долго да те служи!!

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3154
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #13 на: Јуни 30, 2017, 19:07:27 pm »
Честито количе, одлична алфата во секој поглед! Штета што неможев јас да му се порадувам на леонот.  :(

Sent from my SM-A520F using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6789
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #14 на: Јуни 30, 2017, 19:26:04 pm »
со здравје да се вози