Не сум го пробал новиот 1.0 TSI, али до сега сум прочитал неколку тестови (во различни коли), и сите се универзално позитивни. Плус, разликата во тежина со дизелот е огромна (1280 вс 1548 кила). Стотче за 11 секунди - во рамките на прифатливото, особено ако земеме во предвид колкава е колата.
Побарав набрзина неколку тестови, и сите се позитивни. Да, неочекуван мотор е во оваа класа, ама зашто па да не.
100че за 11 секунди е апсолутно небитно, особено за ваков тип на кола.
Еве да ти кажам зашто па да не... Иако никој не ги купува овој тип на коли за тоа, сепак се ова "Sports Utility Vehicle", односно возила за, ај да ги кажеме активности надвор од урбаното. Под некоја апстрактна претпоставка дека некој би купил СУВ, за тоа што е, и би товарил пар точаци на кров, или куфер, скии, а точаци позади, и ги собере своите 3 другарчиња да одат негде да уживаат во екстра-урбаните активности, колата нема да може да тргне со тој мотор.
Фор фак сејк, ако 5 души одат со таа кола на гости у Пржино, ќе треба да ја остават колава непосредно после подвожњакот (до кај ќе истера со залет, до таму), и да продужат со такси.
Ако отидеш со празна кола до ГТЦ, ама од таму собереш пар другарчиња, ќе треба да им кажеш да те чекаат кај Порта, пошо нема да можеш да излезеш од гаража.
1.0 ТСИ во ваква кола е делење со нула - нема смисла.
П.С. Истото го мислам за било кои квази-амбициозни СУВ со хрчаци под хауба, ова у случајов легна на волеј.