Хечов ми изглеа као недокажана приказна... Пробале нешто со дизајнерскиот јазик на 6ката, му напраиле „бадонкадонк“ за да не е седан, ама што знам, уопште не ми фаќа око. Имам видено 3ка хеч низ град и таква ми е... Веш машина. За да личи на нешто, мора да има за некое бројче поголеми бандажи, пошто вака е ептен досадна.
Моторот, би претпоставил дека е фантазија сам по себе. Многу тешко може да се најдат негативни коментари за SKYACTIV моторите.
Да бидам искрен, од новиот правец на Мазда, само 6ката ми се свиѓа. CX-5 ми е ружно, МХ-5 исто така као недокажано ми стои, 3ка седан ми изглеа као компресирана 6ка, додека 3ка хеч ми изгледа поприлично неинвентивно и досадно. Као Ауди да е.