Фала на одговорите,
Посетив неколку мајстори низ градов (Бт) и им ги кажав да ги проверат вашите сугестии, т.е да го проверат Хал сензорот (хал давач), саухот, да направат дијагностика, палењето (брегастата) и сл.
Направија 2 пати дијагностика и се беше ок, за хал сензорот наводно бил ок, со оглед на тоа дека колата од кога ќе загрее нема никаков проблем. Палењето исто така не било проблем.
Едино еден од нив кажа дека можно е да затајува саухот, но бидејќи бил херметички затворен не можело да се поправа т.е мора да се смени (или моја идеа ако не можи да се најди електронски да се стави рачен јбг..)
Проблем е што никој не е сигурен во тоа што го кажува да не речам врска си немаат
Како и да е еден уп-дејт, денес и вчера беше топло надвор, па колата пали без проблем, со 1-2 верглања и е спремна не гасни си прима нормално.
Во меѓу време разбарав по интернет постови од луѓе со слични / исти проблеми со иста кола, наидов на многу мислења и видеа, но во ниту едно од нив не беше проблем саухот, него испадна дека беше проблем сензорот за топлина на моторот. Давал погрешни мерења на моменталната температура со што ECU системот натаму давал погрешни инструкции до останатите елементи на колата и затоа не пали. По замена на тој сензор кој во Англија кошта некои 600 денари, кај нас не верувам да е поскап од 1000-1500 ден колата работи без проблеми.. барем на видеата кои ги изгледав.
Воедно малку ми е чудно на мојата кола што температурата не мрда од 50-60Ц освен ако подолго работи вместо или па сум ја возел подолго време градска. На отворено е стално на минимум при брзина од 80км/ч (најчесто). Според тоа сум со план да го менам и јас сензорот нормално ако најдам кај нас таков, па ќе пратам на ново уп-дејт ако се среди нешто.
Патем едно барање до сите кои можеби знаат или можат да поможат: ми треба алуминиумски држач на шасија за мењач, исто за полото. Колата како што е споменато погоре е хечбек 1.4 бензин (оригинално со AFH) мотор од 1996г, 5 врати. А мењачот според кажување не е со сајли (ако е од некоја помош). Инаку се заеба нешто не сака во 5та брзина да влези, па како што го виде еден од мајсторите рече дека тој држачот бил нешто искривен ...
Tnx