Една од најдобрите возила на пазарот. Подобра и од хечбекот, а и од Мазда 6 според мене.
Нивото на опрема е многу соодветно за една кола, и треба да е вакво на сите коли. Прениски гуми но сепак одлична вожња, што би значело дека со пореалните 17инчни тркала ќе е уште подобро.
Прекрасен звук од моторот. Ретко прекрасен во денешницата и од толку мал мотор. И така треба да заврти, ама не заморува воопшто вртењето.
Има 6 брзини, па и колку толку оптимизирана за отворено, дури и со овој мотор.
Колиште. Ко-лиш-те.
Ова би го купил пред Мазда 6, ете толку е добро. Незнам како се цените, ама на ова му фали само кожен ентериер и поголем мотор за уживањето да е апсолутно и максимално!!! И сето тоа ќе чини помалку од основна Мазда 6! Мислам дека се е кажано.