Автор Тема: Животно осигурување  (Прочитано 24626 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Животно осигурување
« на: 24 Април 2014, 19:23:03 pm »
Ме интересира кои се вашите ставови, стРавови, искуства (лични/на ваши блиски) со животното осигурување. Ако мислите да тролате, ве молам воздржете се.

Кај нас работат Grawe, Croatiа животно осигурување, Vinner  и Uniqa Life како компании, и повеќе брокерски компании за животно осигурување кои нудат животно осигурување од една и/или повеќе компании за животно осигурување.

Некаде читав дека било поубаво да купиш ж.о. од брокерска куќа отколку од некој што директно работи за некое ж.о. , што авторот мислеше и зашто тоа го имаше пишано незнам.

Бујрум дискусија



Дисклејмер:

Не сум поврзан со ниедна компанија т.е. не сум брокер за ж.о. .

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #1 на: 24 Април 2014, 19:26:29 pm »
Убава работа ако добро се осмисли. Важно е да се започне од млада (и здрава) возраст. Наместо пензија да се искористи.


Само да не ти се закачи некој брокер досаден да те удави со филозофии - тоа е најопасното.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Животно осигурување
« Одговори #2 на: 24 Април 2014, 19:30:48 pm »
Да, повеќето викаат демек пензија предвремена ти е тоа, јас го сметам само како инвестиција па кога ќе заврши уплатниот дел ако ги зимаш парите на рати ќе ти дојде како дополнителен приход.

Брокерите скоро сите се досадни но за досаѓање чим пари не ми зимаат баш ми е гајле. Никој неможе да извлече нешто од мене ако јас нејќам да дадам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Животно осигурување
« Одговори #3 на: 24 Април 2014, 19:34:49 pm »
Осигуран сум у Кроација, во најдобар случај одлична опција за штедење во најлош случај помал терет за фамилијата.

Approved !

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Животно осигурување
« Одговори #4 на: 24 Април 2014, 19:41:37 pm »
колку плакаш месечно?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Животно осигурување
« Одговори #5 на: 24 Април 2014, 19:41:43 pm »
Kako odi plakanjeto, na mesecno nivo, na godisno, parite se refundiraat koga ke umres, mozes da pocnes koga sakas da gi zimas, stv ne mi e jasno, za kolkav iznos se raboti za plakanje, aj ne bidete sturi so informacii, tie sto ste zapoznaeni kazete nesto poveke gugnete :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг:
« Одговори #6 на: 24 Април 2014, 19:46:52 pm »
Веќе 4 години сум во Граве.

Не би рекол дека е за предвремена пензија, туку да имаш нешто повеќе од тоа што државата го планира за тебе, ако воопшто преживее досегашниов принцип на функционирање.

Башка што во случај на "не дај Боже" ситуација, најблиските нема да останат на цедило.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Животно осигурување
« Одговори #7 на: 24 Април 2014, 19:49:27 pm »
Кој сака да каже колку плаќа е негово, кој нејќе немора, сепак тоа е приватна информација.

Најчесто се плаќа еднаш годишно иако гледам некаде има и месечни рати воведено. Парите најчесто можеш да ги земеш после исплаќање на ратите за 3тата година.

Износите мислам дека почнуваат од 250 евра годишно па нагоре, а животните осигурања се прават на 10 - 30 години.

Исплаќањето е најчесто кога ќе ти завршат годините во полисата. Ако умреш пред да заврши со различни полиси различни суми ти исплаќаат. Ако умреш во несреќа кај некои полиси ти исплаќаат по 2-3 пати поголема сума од предвидената на крајот на полисата, но тоа е сепак од полиса до полиса различно.

Прочитајте го сајтов, има доста одговорени прашања, дилеми, упатства и совети.

http://zivotnoosiguranje.co.rs

Прашање до тие што се веќе осигурани:

1. Колку време ви требаше да се одлучите (од првиот состанок со брокерот)?
2. Дали купивте од брокер од фирмата (Кроација, Граве) или од брокер од фирма која застапува повеќе компании (како WVP на пример)?

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #8 на: 24 Април 2014, 19:53:08 pm »
Јас работам ова. Имам полиса, има и сестра ми. Плаќањето зависи преку која компанија и кој програм ќе се одбере. Конкретно за кај мене (програм  SafeLife преку Граве) парите може да се земат на 17 различни начини. Има можност да се земат и после 5, 10 и 15 години од почетокот на штедењето, но после 5 год 30% од заштедените пари, после 15 години 65% од заштедените пари и после 15 години 100% од до тогаш заштедените пари.
Уплаќањето е мин 250Е, а максимум 3000Е ГОДИШНО со можност на две рати или ако фирма прави за своите вработени има можност и за на 12 рати. За да се олесни плаќањето ние препорачуваме отварање на траен налог со што автоматски банката ќе ви крати одредена сума од вашата сметка на друга сметка и после само се префрлаат парите на сметка на Граве. Ова му доаѓа како на рати. Ама сепак, 250Е годишно, се 40 ден. дневно.

Имајќи ја во предвид моменталната состојба на ПИОМ кој се финансира исклучиво преку кредити, а и фактот што старосната граница за пензија ќе се зголеми на 64 за жени и 67 год за мажи, оваа работа е многѕ важна за колку толку посигурна иднина.

Иначе (кај нас во агенција) може да се направи полиса со траење од 10 до 40 години со тоа што колку подолго се штеди толку поголема е добивката на крајот на штедењето.
Многу е важен и фактот што во не дај боже смртен случај, јас моите нема да ги оставам со рацете во џеб и солзи. На крај краева ќе имаат XXk евра во тие тешки мооменти.
За сите прашања, бујрум.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #9 на: 24 Април 2014, 19:59:47 pm »
Вака грубо на пример:

За 1986та човек, на 25 години траење, со 50еур месечно како се бројките? Како оди исплатата после 25 години? Може како пензија да се зема 10-15 години? Колку би била исплатата месечно грубо?

Пример некој така реален дај ако не.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Животно осигурување
« Одговори #10 на: 24 Април 2014, 20:00:48 pm »
Minimum 250 eur godisno, ako svativ, a max 3000eur godisno, taka?
I uste nesto da receme ako za period od 10 godini vlozam 10 000 eur da receme, i sakam da gi izvadam, i eve na primer so nekoj dogovor ( mozam da gi izvadam site pari ), kolku ke dobijam od parite, samo tie 10 000eur, ili + nekoj denar? Ako ne dobivas nisto togas koja e poentata na zivotnoto osiguruvanje, mozes parite komotno da si gi stavas vo banka, na smetka, em ke imas recimo nekoja katama ( vo momentov e tolku ) od okulu 5/6% na godisno nivo ( so moznost za mesecna isplata na kamatata ), i pak parite ako umres, mozat tvojata familija da gi izvadi ( so prethodno polnomosno ), otkako ke istece orocuvanjeto, i em za toa da dobijat nekoja kamata, em da gi dobijat site pari. Ili dokolku im trebaat parite odma mozat da gi izvadat site pari, i za mesecite za koj zimale kamata da im bide odbijena od glavniot dolg. Koja e tuka prednosta na zivotnoto osiguruvanje, so koja agentot/brokerot bi me ubedil da se resam na takvo nesto?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Животно осигурување
« Одговори #11 на: 24 Април 2014, 20:08:29 pm »
и уште едно прашање од мене : Што ако склучам договор на 5 години и после 2та година ми се случи финансиска криза и едноставно неможам да уплаќам, што во тој случај?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Животно осигурување
« Одговори #12 на: 24 Април 2014, 20:11:27 pm »
Околу 450 евра годишно за пушачи на 12 месечни рати..

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #13 на: 24 Април 2014, 20:13:21 pm »
За Дени : Уф, ќе ти дадам пример кој ми е извежбан, а кој не се разликува многу од твојот :)
Човек од 30 год прави полиса на 30 год. по 500Е годишно.
Заштедени пари за тие 30 години има 15 000Евра (15 по 30)

Поради фактот што си се одлучил за штедење во компанијата, тие те наградуваат со одреден процент загарантирана добивка во зависност од траење на осигурувањето, односно за 30 год. траење добивката е 65%, за 40 години добивката е 107%.
 
65% на 15 000 Е се отприлика 7500Е. Ти имаш 22 500Е.
На сега има една работа што ја нуди само СафеЛифе и се вика заштита од инфлација односно дека тие 500 Е денес не вредат како тие 500Е за 30 год. Оваа работа се рачуна како дополнителни 2% на годишната премија кои се плаќаат, односно оваа год. 500Е, наредна година 500Е + 2%= 520 и тн. Ова е дополнително и не е задолжително и може да се почне или прекине кога човек сака.
На тие 22 500 Евра заштедени пари се додаваат овие 2% годишно и се добиваат отприлика уште 19 000 Е. Тоа е грубо 40 000Е твои пари. А си заштедил само 15 000. Ова го нема во ниту една банка. Ако се одземе оваа заштита од нивните камати, останува 2-3% камата што е ништо.

За Ахтунг: Првите 3 год. е задолжително плаќањето затоа што твојата полиса се реосигурува во LOYD (отвори гугл и прочитај кои се LOYD). После таа трета година, плаќањето е флексибилно односно ако немаш пари, не мораш да уплатиш. Наредната ако имаш 500Е можеш сите да ги уплатиш иако полисата ти е да речеме на 300Е. Наредната пак немаш, пак не мораш и тн.

Роци, премногу прашања за да ти одговорам од работа... Ај едно по едно :D

И да ги замениме поимите плаќање со поимот Уплаќање затоа што овие пари не ги губите како при плаќање.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #14 на: 24 Април 2014, 20:15:56 pm »
Фала, убав пример.