Автор Тема: Занимање на форумџиите  (Прочитано 151211 пати)

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #225 на: 28 Јуни 2012, 14:50:57 pm »
- Дипломиран електро инжинер за информатика и компјутерско инженерство на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ Скопје.
- Работев фриленсинг, мое портфолио: http://extremebt.mk ( бев/сум коосновач и графички дизајнер на http://mafia.mk )
- Моментално работам како Flash/Flex програмер.
- Како хоби си цртам, си дизајнирам и си чепкам по колите :D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2705
  • Слобода или смрт
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #226 на: 28 Јуни 2012, 14:56:57 pm »
- Дипломиран електро инжинер за информатика и компјутерско инженерство на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ Скопје.
- Работев фриленсинг, мое портфолио: http://extremebt.mk ( бев/сум коосновач и графички дизајнер на http://mafia.mk )
- Моментално работам како Flash/Flex програмер.
- Како хоби си цртам, си дизајнирам и си чепкам по колите :D


Како иде работата со мафиа мк? Ќе ја биде или секое чудо за три дена

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #227 на: 15 Август 2012, 23:13:05 pm »
Има ли некој да работи во Водовод? Ќе ми треба за приклучок ... Може на ПП ;)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #228 на: 18 Август 2012, 19:15:37 pm »
Има ли некој да работи во Водовод? Ќе ми треба за приклучок ... Може на ПП ;)


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #229 на: 18 Август 2012, 23:17:31 pm »
година и пол имам работено ко програмер и фала богу заврши тоа поглавје,веќе скоро 4 год сум админ и супер ми е.компјутери не чепкам од кога се вработив,чат пат ако ми донесе некој ептен близок лаптоп да му средам софтверски и тоа.иначе дипломирав на ПМФ-администрирање на компјутерски мрежи откога се префрлив од 4 годишните студии и така...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #230 на: 19 Август 2012, 00:02:29 am »
Моментално сум ученик, и не работам никаде...
По потреба му помагам на таткоми кој работи со паркет, патос, ламинат, фарбање и лакирање на буквално се (коли, камиончиња, моторчиња, врати, прозорци, маси, столици и друго)..
Хоби ми е возење скутери и компјутери, се разбирам од форматирање, средување, игри...
« Последно менување: 26 Август 2012, 03:01:59 am .::Suzuki::. »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #231 на: 26 Август 2012, 21:34:12 pm »
Студент сум на правниот факултет ''Јустинијан први'', сега 2 година ке бидам. Парарелно со факултетот работам и во спортска обложувалница ''Вил Хил''.

Во слободно време дремам на компјутер, играм eRepublik, и онлајн возам трки на RFactor. Се разбирам колку толку од информатика да средам PC за своја душа, а исто така познавам основни работи од механика, особено на постари коли, гледајки го таткоми како работи, пошто он е по струка механичар и тоа е тоа.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #232 на: 26 Август 2012, 21:38:09 pm »
По потреба му помагам на таткоми кој работи со паркет, патос, ламинат, фарбање и лакирање на буквално се (коли, камиончиња, моторчиња, врати, прозорци, маси, столици и друго)..
 

А да не тапацира татко ти случајно столови трпезариски?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #233 на: 26 Август 2012, 21:54:26 pm »
Незнам... Можно е да тапацирална некои места.. Зошто прашуваш ???

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #234 на: 26 Август 2012, 22:00:05 pm »
Имам 4 столици за префарбување и тапацирање. Сега кога го реновирав станот мајсторите ми ги уништија качувајќи се врз нив. Ај прашај дали може да ги среди или да посочи некој мајстор. Значи стругање, фарбање, лакирање и тапацирање.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #235 на: 26 Август 2012, 22:03:25 pm »
A бе од Кичево е чоекот :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #236 на: 26 Август 2012, 22:03:53 pm »
Не тапацира ...Сега ми текна, ако некој сака да.се претапацира и излакираат/офарбаат, ги зема , ги вади тие за тапацирање и му ги праќа на еден пријател...
Да од Кичево сум...Ама колку за информација има идено низ цела македонија да го среди паркетот, секако патот е на цена на газдата..

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #237 на: 26 Август 2012, 22:14:41 pm »
Имам 4 столици за префарбување и тапацирање. Сега кога го реновирав станот мајсторите ми ги уништија качувајќи се врз нив. Ај прашај дали може да ги среди или да посочи некој мајстор. Значи стругање, фарбање, лакирање и тапацирање.

Донеси ги ако те носи пат наваму, ќе средиме :)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2071
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #238 на: 26 Август 2012, 22:34:33 pm »
Можеш да го контактираш Венчо од Влае, Сале му го има бројот, побарај му го... Профи си е човекот, а и не е многу скап :)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Занимање на форумџиите
« Одговори #239 на: 26 Август 2012, 22:38:39 pm »
Интересна тема..

да се надоврзем и ја овде...

Дипломиран забен техничар (средно медицинско) - ако некој има потреба од вилици, мостови и сл..слаб сум на таа тема..

иначе Високо образование - дипломиран по Компјутерски Науки и работам у АртХаус  - Web developer..

запишан на Мастер по Интелигентни Системи (Роботика и Вештачка Интелигенција) на USI  - Università della Svizzera italiana

Хоби ми е да чепкам по коли, претежно мојата, сакам да средувам постепено и болесник по чисточа и среденост...

имам работано низ Гостивар Фасадерија, Малтерисување, Молерај

Чепкам и електрични апарати...

ЈБГ, забеган сум...