Денес си се дружевме со
К2 BOLD по препорака од
@Passat3B . Широк двор и дебела сенка под лозница ме натера да го извадам секое тркало, да го исчистам максимално, да ги исчистам дисковите со брејк клинер и да откријам дека еден штраф е разјаден па да си набавам нов.
K2 BOLD е купен од Веро Тафталиџе по цена од само 300 ден, али сигурен сум дека го има и по поголемите бензински.
Процедурата беше следна:
- го вадам тркалото
- го чистам бандажот однапред со ARIS, посебно предните бидејќи многу ми се црнат и валкаат
- го чистам бандажот одназад со црвена вреќа за компири и пиперки, многу битен детаљ
- ја чистам површината на гумата со шампон од SONAX двапати бидејќи беа доста валкани гумите, се додека не излезе само бела пења
- го оставам тркалото под сенка целосно да се исуши, без да го бришам
- додека чекам си ги чистам дисковите и штрафовите со брејк клинер
- прскам тенок слој од K2 BOLD, го оставам да се впие и го бришам со чиста микрофибер крпа. Видов дека не е ефективно со сунѓерче, па затоа ја искористив оваа метода. Е сега, бидејќи ова им е прво вакво темелно чистење на гумите, очигледно беа многу „жедни“, па по првиот слој, средството веднаш се впиваше и додадов уште 2 слоја на предните гуми, а уште еден слој на задните гуми. Значи 3 слоја напред и 2 назад.
- го враќам тркалото
Слика 1 - Веднаш по вадењето на тркалото

Слика 2 - По чистење со шампон и ARIS и оставање да се исуши

Слика 3 - 3 (три) слоја на K2 BOLD. Нанесов малку и на бандажите чисто од љубопитност, видов дека им дава некој фин металик финиш

Слика 4 - Монтирано тркало

Слика 5 - Дружба со Заставиниот болид

Слика 6 - финален изглед на завршена десна страна

Слика 7 - Бонус тест на Turtle wax Black in a flash врз украсната пластика на моторот
