Пријатели на CARclub > Автотек Електроник

Електроника

(1/4) > >>

Автотек Електроник:
Замена на централниот дисплеј од инструмент таблата

На сопствениците на Ауди возила овој проблем веќе им е познат, недостаток на пиксели на централниотдисплеј од инструмент таблата. Особено кога надворешните температури се високи, дисплејот толку избледува да не можат да се видат предупредувањата кои Вашето возило Ви ги јавува, така да многу брзо можете да дојдете до несакан проблем, а и самите да не сте свесни за тоа. Овластените сервиси немаат дисплеј како резервен дел, туку ја менуваат комплетната инструмент табла по многу висока цена. Автотек Електроник Ви нуди замена на дисплејот со нов од Европско потекло и врвен квалитет.







Tischläufer:
Ааааа вас ве чекам....
Прашање: на Chevrolet Spark 2008 на централното дисплејче некои од дигитите не ми се појавуваат. Преклани кога беше -25 се изгубија и сега бројките парцијално ги покажува. Не е проблем бидејќи бројките се гледаат но ме нервира такво да го гледам.

Дали можете да ми понудите чаре за овој проблем? Во овластен сервис бараат малку височка но не баш недостапна цена за цела инструмент табла.

Автотек Електроник:
Ве молиме повелете во просториите на нашиот сервис. Локацијата Ви е веќе позната, а на телефонскиот број можете да закажете и термин. Тимот на Автотек Електроник ќе Ви ја каже најдобрата солуција за оваа аномалија.

https://www.facebook.com/Partner.na.Revochip

Tischläufer:
Да сте ми живи. Јас бидејќи работам од 8 до 17, пишете ми кој ден од оваа недела да поминам сабајле порано во 8 часот па да погледнеме што може да се направи.
Благодарам

Автотек Електроник:
Работно време ни е од 8 - 16ч. Можете да дојдете во сабота, но имајте в предвид дека работиме до 13ч.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија