Пријатели на CARclub > Автотек Електроник

Chiptuning

(1/70) > >>

Автотек Електроник:
Mercedes Benz Actros 1844 BlueTec5 435hp 2100nm @ 495hp 2400nm


Автотек Електроник - ECO Tuning

Во денешните услови за работа на современите фирми, цените на горивото значително влијаат на вкупните трошоци при работата. Без обзир дали се работи за голема компанија или мала фирма и без обзир колкав возен парк поседуваат, секој па и најмалиот процент на заштеда во горивото придонесуваат за по успешно стопанисување. Автотек Електроник со цел да ја зголемите ефикасноста во работењето и намалите трошоците, може да Ви ги понуди услугите на ECO Tuning.
Со оптимизација на работата на моторот на Вашите возила, воедно ќе ја намалите потрошувачката на гориво, но и зголемите перформансите на Вашиот возен парк, без обзир дали се работи за патнички, леки доставни или тешки теретни возила. Со тоа ќе заштедите пари, но ќе го продолжите и работниот век на возилата кои своите најдобри перформанси ќе ги даваат на значително пониски вртежи на моторот, со што ќе се избегнат режимите на работа кога моторот троши највеќе енергенти.
Како функционира ECO Tuning? Со ремап на електронската единица на возилото, Автотек Електроник ја оптимизира работата на моторот и на најдобар можен начин ги користи скриените резерви кои ги остава секој производител. Со зголемување на вредностите на вртежниот момент и достапноста на истите многу порано, со дозираното зголемување на моќноста се добива рецептот на успехот за Вашата заштеда.
Секако сега следи прашањето зошто фабриката не го сторила ова? Одговорот е повеќе или помалку едноставен! Масовното производство и глобалниот пазар изискуваат од производителот да ги прилагоди условите на експлоатација и за просторот во Јужна Америка и за Сибир. Втора причина е што производителот со тоа што не го искористува полниот потенцијал на моторот сам на себе си остава можност да во иднина само софтверски ја освежи гамата на мотори, претставувајќи ја како и нова и редизајнирана. Вакви примери има безброј.
Зборувајќи за процентите на заштеда, истите во просек се движат околу 15%, во зависност од тоа каде возилото примарно се движи, дали се во прашање авто патишта или локална тргни-застани испорака. Друг клучен фактор е човекот, возачот, кој мора да знае и да сака да ја искористи дадената можност. Простата математика во секој случај ни говори да инвестирањето во ECO Tuning веќе се исплатува во интервалот од 15000 - 20000 км. Во превод, веќе во втората половина од годината едно Ваше просечно службено возило започнува да штеди.
Наместо парите да ги давате на гориво, можете да ги искористите во развој на Вашиот сопствен бизнис кој утре ќе Ви донесе додатна заработка.



https://www.facebook.com/avtotek.elektronik

Автотек Електроник:
DSG Tuning

Освен ремап на последната генерација од VAG, Автотек Електроник работи и модификации на софтверот од последната генерација на DSG менувачите. Со тоа се зголемува осетливоста на менувачот и се добива подобар одзив на истиот при притискање на педалата за гас. По барање на клиентот може да се зголеми и распонот на бројот на вртежи помеѓу брзините.


Автотек Електроник:
Volkswagen Caddy 1.6TDI 75hp 225nm @ 139hp 317nm









Спенсер:
Како се движат цените за чипување на камиони ? 15-20.000 км се 3 месеца преку сила... според вас после тоа треба да се исплати :)

Автотек Електроник:
За цените најдобро е да се информирате лично во нашиот сервис Автотек Електроник, Л.Геров бб



или на 070/313-999, Горан .

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија