Автомобили > Генерално за Автомобилите

Автомобилски Генерални Муабети

<< < (588/593) > >>

Lone:
Имам прашање, се надевам оваа тема е правилната за тоа. Кои работи допринесуваат за кола да е тивка и мирна при возење?

Пример, да има звучна изолација внатре, да има добра амортизација за да не тресе при лош пат и дупки? Дали е тоа и или има и друго нешто?

nestor04:
Тоа што го набројс, плус добар издув, држачи на мењач, мотор, редовен сервис, добро гориво и добро подмачкување (масло).

Filip MK:
@Lone Тоа што ти наброја @nestor04 , само би дополнил кај издувот, здрав ауспух со добри држачи, затоа што неверојатно е колку може да се пренесуваат вибрации од лош ауспух со уште полоши држачи за ауспух

Tischläufer:

--- Цитат: Lone на 05 Декември 2023, 16:51:01 pm ---Имам прашање, се надевам оваа тема е правилната за тоа. Кои работи допринесуваат за кола да е тивка и мирна при возење?

Пример, да има звучна изолација внатре, да има добра амортизација за да не тресе при лош пат и дупки? Дали е тоа и или има и друго нешто?

--- Крај на цитатот ---
Добра аеродинамика, квалитетни гуми соодветно напумпани и мазен асфалт како дополнување.

Skywalker:
https://sdk.mk/index.php/makedonija/podneseno-obvinenie-za-18-litsa-za-krazhba-i-prodazhba-na-luksuzni-koli-vo-vrednost-od-nad-pola-milion-evra/

„Во периодот од август 2020 до април 2022, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и употребувале лажни јавни исправи како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – автосалон од Кочани“, велат од Обвинителството.

АутоВелт ли е автосалонот од Кочани.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија