Автомобили > Техничко Одржување

Фарови и осветлување

(1/461) > >>

Tischläufer:
Пред некој ден ми цркна сијалицата за средно светло на спаркот (H4 60/55).

За замена купив OSRAM Night Breaker од CArs corner 1120 денари.
Ги пробав и навистина светат многу посилно од фабричките OEM.

Е сега, во истат продавница најдов и светла за магла што ќе пасуваат на Спаркот. Во упатството за Спаркот вели дека треба да се стават 2 х 27w халогенски сијалици а овие во продавницава се 2 х 55w односно дупло одошто пишува во упатството.

Прашањето ми е дали дополнителни 55w потрошувачка на струја (кога би биле вклучени) е значајно зголемување на потрошувачката за Спарк и како би се одразило тоа од аспект на оптеретување на целиот сдистем за снабдување со струја. Да ставам такви или да барам на друго место послаби сијалици?

ace-106:
Falanga
Рече задоволен си од osram-от нели,прашувам зошто и јас планирам да зеам Night breaker !

Deni:
А има инсталација готова или ти ќе ставаш? За магленки (кои според мене) не би имале некоја голема примена, стави какви сакаш. Ако си се одлучил на 27w јас би одел на HID 6000k, заедно со средните. Ама ти веќе си ставил најт брејкери - кои јас ги имав пред ХИДот, и сметам дека се исти со обичните.
Како електраш, логично е да ти кажам, дека не треба да ставаш 55w чисто заради инсталацијата и осигурачот. Е сега може да го погледнеш осигурачот на магленките и да видиш колкав е, ако е како на средните - тогаш не би требало да има проблем и со 55w. Ако е помал тогаш треба да бараш послаби.
Незнам која логика е да се стават 27w... aма ај.


@ace - не зимај најт брејкер, исти се ко обични. Ако не исти, тогаш барем 95% исти. Не вреди. Ако имаш H7 може и да ги пробаш моиве.

Tischläufer:

--- Цитат: ace-106 на 18 Мај 2011, 11:28:51 am ---Falanga
Рече задоволен си од osram-от нели,прашувам зошто и јас планирам да зеам Night breaker !

--- Крај на цитатот ---
Еве ти поконкретно. Ги наместив денски и денски ги пробав (имаше комшиска кола на 7-8 метри пред мене, дење околу 18 часот).
Се штрекнав кога видов како колата му блешти на комшијата. А бидејќи возам во принцип со средни до сега немав забележано таква работа. После на пат за дома светлото се забележуваше на сите коли пред мене што се немаше случувано до сега. Ако сакаш вечер помини докај мене ќе ги пробаме заедно. Јас сум меѓу соборна црква и влада после 18:00. Пиши ми па ке ти го дадам бројот.

ace-106:
Ок-фала на инфо...

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија