Автор Тема: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013  (Прочитано 17001 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« на: 20 Февруари 2013, 16:09:36 pm »
Еднаш направив ваков пост и апел до членовите на форумот и тој вроди со позитивни резултати и промени. Искрено се надевам дека повторно ќе го има истиот ефект.

Веќе неколку дена (во најмала рака, може да се каже и неколку недели) на форумов се пробива една доза на нетолеранција и тензија која полека но сигурно има лош ефект врз генералното здравје на дискусиите.

Како што во мал милион наврати имам спомнато, форумов постои заради членовите - за да развиеме културна, нормална и добра дискусија на многу разно-разни теми кои ни се битни - како за автомобили, така и за нашето секојдневие. Она што ме радува е дека форумот прерасна во прилично голема заедница која се дружи како на форумот, така и надвор од него. Не постојат зборови со кои ќе објаснам колку е ова прекрасно и ретко.

Она што не ми се допаѓа е тонот со кој се прават некои дискусии. Никој, ќе повторам, никој на форумов не е над некој друг и никој не е „заштитен“. Сите (па и модераторите) се еднакви во своите постапки и последиците од нив. Многу пати е нагласено дека целта на форумот е дружење и дискусија. Сосема е нормално да отидат работите малку надвор од контрола од време на време, но во последно време некои муабети (*cough*looking at you*cough*Дизел vs Бензин*cough*) стануваат класичен pissing contest.

Од друга страна, она што ме радува е што преку форумот запознав луѓе кои без никаква резерва можам да ги наречам другари, и со кои ми е пријатно да се дружам и надвор од границите на форумот. Секој член на форумот што сум го запознал или некаде ме пречекал, го направил тоа срдечно и пријателски. Ова ме радува и се гордеам со одличното ниво на дружење кое го има на овој форум.

За да го задржиме пријателството наместо да го изгубиме, ама и за тоа пријателство и понатаму да функционира, мора малку сите топтан да поразмислиме за тонот со кој пишуваме и односот кој го имаме кон другите членови на форумот. Неколку пати сум кажал, и еве пак - нема никаква толеранција да има кон било какво навредување по етничка, религиозна или било каква основа. Заебанции се ок. Навредување не е.

Форумот на CARclub е различен од другите по нивото на комуникација која ја имаме на форумот и надвор од него. Не знам за ниеден друг форум, односно ниедна друга онлајн заедница во Македонија што е толку блиска и што толку често организира некакви настани. Затоа, не сакам форумот да пропадне, а тоа не зависи само до мене и модераторите.

ЕДИТ: Заборавив уште една работа. Во последно време муабетите се сведуваат на Бензин вс Дизел, интересни половни коли, сообраќајни несреќи и тоа е тоа. Не би требало да биде така - би требало да се дискутираат автомобилски новитети, трендови, нови модели, итн. Понекогаш се чувствувам како џабе да објавуваме стории на порталот и тестови на автомобили.

Ви благодарам за вниманието и се надевам дека ќе наидам на разбирање и поддршка.

А.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17267
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #1 на: 20 Февруари 2013, 16:21:24 pm »
Причината заради која не се дискутира околу новите автомобили и тестовите е таа што постои општ СТРАВ да се искаже сопствено мислење, кое во 98% од случаите ќе биде проследено со убод од остар предмет во вратната артерија.
Кога ќе размислам подобро, секаде спласнаа дискусиите заради горе-доле оваа причина. Луѓето покрај секојдневните стресови и проблеми избегнуваат истите да ги создаваат и на форумов кој веќе ни е виртуелното секојдневие.

Post Scriptum:
Делот каде што апсолутно никој не е под протекции на Вас, администрацијата, треба сериозно да се сфати.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #2 на: 20 Февруари 2013, 18:50:42 pm »
Многу голем проблем е и изигрувањето на дрвен адвокат од страна на некои членови на форумот, барем лично за мене. Ниту ги знаат односите помеѓу дискутантите, ниту имаат појма што се случува, а се наоѓаат повикани да упаѓаат во лични дискусии, заебанции или препукувања. Ако некој пост е упатен директно по Ник наме кон некого мислам дека нема потреба други членови да излегуваат во Остра одбрана на неговите лични ставови или заебанции ако се работи за тоа?!

Пошто немам влакна на јазикот и не сум ни имал никогаш и ќе немам ќе го наведам примерот со членот Шмичка од пред некој ден. Во постот му се обраќам лично и персонално на Куоре он се наоѓа повикан да ми реплицира со крајно иритирачки тон??? Чекај или јас сум остарел препише или Куоре земал дрвени адвокати?

Знам дека младоста не е добар водич во животот но малку треба да се мисли пред да се влезе во дискусија помеѓу двајца!

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8523
  • Пичлеме
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #3 на: 20 Февруари 2013, 19:08:06 pm »
Причината заради која не се дискутира околу новите автомобили и тестовите е таа што постои општ СТРАВ да се искаже сопствено мислење, кое во 98% од случаите ќе биде проследено со убод од остар предмет во вратната артерија.
Кога ќе размислам подобро, секаде спласнаа дискусиите заради горе-доле оваа причина.
Токму така. Приметувам некоја тензија на форумот, иако истиот треба да користи за забава, опуштање, разменување на мислења, искуства, да се поднаучи нешто.
Сум приметил дека автоматски тој што има поголем број на постови е посупериорен и е многу над оној со помал број на постови.
Повеќе се вреднуваат мислења на членови кои имаат повеќе стаж на форумот, иако некој новајлија имал поиздржан муабет и бил во право.
Јасно дека не се познаваме сите меѓу себе, но тоа не значи дека не треба да имаме опуштена комуникација, без мачети и секири, пошто еден ден ќе седниме на пиво, а мене мачетата ми е во багашникот... :)
Значи малку поолабавено. Мене не ми смета шо имам Фолсваген и на него се плука на велико, плус дизел е :)
Фурумот треба да биди место на кое за момент ќе заборајш на сје*аниот ден на работа, на факултет, на училиште..., а не место на кое уште толку ќе се наполниш со негативна енергија.
Мое мислење. Јас гледам да се забавувам на форумов и да помогнам некому, ако имам можност.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #4 на: 20 Февруари 2013, 19:44:32 pm »
@sportex

имаш пп


@martin

СТРАВ да се искаже сопствено мислење, кое во 98% од случаите ќе биде проследено со убод од остар предмет во вратната артерија.

+1

точно така,зошто на форум сите се девици а во живо си нема благе везе од тоа што тука коментираат

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #5 на: 20 Февруари 2013, 19:54:19 pm »
СТРАВ да се искаже сопствено мислење, кое во 98% од случаите ќе биде проследено со убод од остар предмет во вратната артерија.

+1

точно така,зошто на форум сите се девици а во живо си нема благе везе од тоа што тука коментираат


Баш ми е гајле, ич не ми чуе не па да ми е страв. Дедо Спортекс р’ка секрет од високо ама од друга страна се фали со тоа какви пријателчиња има насекаде. И не само кај него него и кај други членови. Тоа не е двоен аршин или правење лице или цицање***** (весла бе.. безобразни) туку е позитивна работа и не треба да се начекува на шпиц или нож туку треба да се цени нечијата желба да се пошегува и слично.

Јас мислам дека позитивна природна појава е приближувањето на пролетта која ќе даде можност за почести собири, возења, заебанции, пива, ќебапи и слично што ќе им даде шанса на форумџиите почесто да се гледаат во лице што секако ги доближува луѓето. Тоа ти е како кога броусаш во убави мачиња, гледапш нема никој во собата, го вадиш Пенчо и и вршиш работа на цуцата у лице, ама ај отиди извади го пред неја во живо? Know what i mean nigga?

Ќе биде се како што треба. За поздрав се активностите на Зератул и останата администрација кои се во план да се случат во блиска иднина така да работите ќе тргнат на подобро.

Поздрав од Фаланга (green mean joke machine)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43342
  • Il Moderatore
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #6 на: 20 Февруари 2013, 20:12:57 pm »
Еве ја да му се извинам тука јавно на Спортекс дека го навредив со тоа што алудирав дека возел на удолница. Прва прилика му праам трка (ветено си е ветено), и частам пиво ;)

Исто јавно му се извинувам и на ФилипВ, затоа што и него го навредив алудирајќи дека возилото му троши повеќе од тоа што покажува борд компјутерот. Со него другачие ќе искомпензираме :) Кладбата за градска тура и понатаму е во игра ;)

И секако им се извинувам на останатите членови што на некој начин сум ги навредил, веројатно во жарот на дискусијата, без да имам ништо лично против било кого на форумов.

Во иднина ќе ја олабавам темата бензин вс дизел, иако имам уште многу аргументи за таму - веројатно како и бранителите на дизелите што имаат, ама веќе ми здосади. Секако ќе ја пратам, може и ќе дадам некој коментар, но воглавно ќе бидам повлечен.

Моите одлуки околу бришење и едитирање на нечии пораки најчесто биле во интерес на смирување на дискусиите, и најчесто се бришени непотребни и крајно офтопик пораки, и ќе продолжам со тој принцип, без разлика на кого колку му се допаѓа. Немам намера некому да му „попуштам“ и да не му го избришам непристојниот пост само затоа што има репутација на стар член или член со преку 2 милиони пораки на форумот.

Секако уживам во дружбата со членовите на форумов и ми е задоволство што сум дел од екипата и се надевам дека уште долго ќе може да се љутите што ви бришам и едитирам постови ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16661
  • Keep it 100
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #7 на: 20 Февруари 2013, 20:15:09 pm »
Ајде бе ти си најнов, па затоа тебе те фатиле на пик ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #8 на: 20 Февруари 2013, 20:25:46 pm »
Никаков муабет не се води за никаво искуство, никакво возење... Од што се срамите толку? Пишете. Меганон окапа во салон, никој ни го виде ни го спомна, сликана жали боже само модераторите ја приметија... Епа тоа ако не ви е интересно, незнам што е.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #9 на: 20 Февруари 2013, 21:04:57 pm »
Бројот на постови не е никаков репер.

Како и да е - еве ќе упатам лична молба до сите да направат што можат за повторно да се живнат дискусиите за автомобили, како што и ни доликува.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6091
  • 69
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #10 на: 20 Февруари 2013, 22:06:51 pm »
Јас мислам дека во скоро време ке се развијат нови дискусии...Прво, зимово е пред крај, нема ништо интересно, све е ДежаВу. А и темите за зимово се исцрпени.
Доаѓа пролет, треба да се монтираат нови летни гуми...Ке си отвориме нови теми, ке има триста чуда за коментирање...Ке има и нешто во делот на работилницата...
:)
Полека, смирено...
Се ке си дојде на свое место...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #11 на: 20 Февруари 2013, 22:12:59 pm »
Има да ја воскреснам работилница за месец два :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #12 на: 20 Февруари 2013, 22:20:24 pm »
СТРАВ да се искаже сопствено мислење, кое во 98% од случаите ќе биде проследено со убод од остар предмет во вратната артерија.

+1

точно така,зошто на форум сите се девици а во живо си нема благе везе од тоа што тука коментираат


Дедо Спортекс р’ка секрет од високо ама од друга страна се фали со тоа какви пријателчиња има насекаде.


Со пријателите не се фалам, си ги почитувам и го негувам пријателството.

А многу нормално е да човек од два метра р'ка од високо, со таа разлика што секогаш пазам каде плукам и обично по однапред позната и пажливо одбрана цел. Е сега секогаш има колетерална штета па така некогаш некој случајно или намерно или од незнаење или од што сака да се покаже колку (не)знае, да се најде на патот на секретот.

А за она Дедо, да ми рече некој од помладиве и така и така ама ти ли бе Келчо еден? ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20538
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #13 на: 20 Февруари 2013, 23:07:14 pm »
Според мене, форумот во главно почна да пати поради исклучително голем наплив на разно-разни его-трипови, што од познавачи, што од wannabe познавачи, што од сеирџии... Ретко кога некој се „осудува“ да го каже своето мислење, а ако го каже, тогаш во очите на горенаведените, по дифолт мора да е грешно, и да се почиња со тупење.

Нормално е да се имаат сопствени мислења, и уште понормално е да се спротивставени со нечие друго мислење. Но, во апсолутно никој случај не смее да се наложува и удавува и тупи од едната и/или другата страна, кон согласување со сопственото мислење.

Исто така, не можам да го разберам повременото инфантилно понашање кај некои членови. Едноставно не можам да го разберам.

Не можам да ја разберам ни патолошката потреба и опсесија секогаш да бидеш „во право“, без оглед на темата на муабетот и без разлика дали тоа се коси со некои морални, етички норми, нечии лични преференци, или во некои случаи и здравиот разум.

Што знам, може е до мене...

Што се однесува до извинувања, му се извинувам на Класниот поради исклучително долгата пауза од пишување статии за на порталот.
И на Мартин што не сум вратил на поздравот некни на плоштад.

\\// Live long and prosper :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub.mk Форум - State of the Union 2013
« Одговори #14 на: 21 Февруари 2013, 00:11:18 am »
Уште 1-2 вакви постови ќе ме расплачите. ;D
Во темите за автомобили колку и да била напната атмосверата не била до толку како кога ке се спомене политиката.Затоа политиката аут од форумот и уживајте си.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D