Општо > Техника и Опрема

Мобилни Оператори

(1/363) > >>

zeroSignal:
Бидејќи немаме посебна тема за мобилните оператори, а е повеќе од потребна, решив да отворам јас една и да започнам со дискусија.

Денес, после повеќегодишно користење на услугите на Т-Мобиле Македонија, конечно ми пукна филмот.

Во моментов сум корисник на Relax Surf L пакет, кој чини 1200 (или 1299) денари месечно, но во него нема вклучени минути кон другите оператори. Видов дека T-Mobile има нови тарифи, и има нов Relax Surf L пакет со истата претплата но со вклучени минути (линк) кон другите оператори и вклучени SMS пораки.

Договорот е направен лани во Јануари, на 24 месеци, на некоја сума од 1199 денари месечно (потоа се префрлив на малку поскап пакет но со неколку гига интернет).

Вчера приметив дека има нов Relax Surf тарифи и сакав да се префрлам на една од тие тарифи. Истите тие тарифи за кои пишува дека може бесплатно да се добијат преку оператор или во салон. Оператор барав најмалку 20 пати изминативе 24 часа и не успеав да добијам. Бев до T-Mobile продавница (во Сити Мол) и ми рекоа дека може да сменам тарифа, но дека ќе треба да платам пенали од 2700 денари, иако тарифата е со иста претплата, и на сајтот е наведено дека бесплатно ќе можам да се префрлам.

Толку од мене. Само ми е криво што уште 11 месеци ми трае договорот.

Deni:
E што е толку од тебе. Иди барај си да ти сменат пак.

Allexxander:
Во T-Mobile едно кажуваат друго прават, демек некои промоции, поволности а најскапи се од сите. Во последно време ми накалемуваат пари на сметка како луди.. лопови прва класа што да кажам... оди разбери се. Претплатен сум кај нив само ради добрата мрежна покриеност и интернетот иначе одамна ќе ги баталев.

MarceCvarce:
Истото ми го кажаа и мене кога се обидов да го префрлам татко ми на тие новите тарифи. Тие биле само за нов договор и за нови корисници а тие старите треба да бидат заебани зошто потпишале договор. Јас веке решив деновиве одам и да им плата колку треба за да го раскинам договорот и нека се носат кај шо сакаат.

Сите се педерчиња кој повеке кој помалце од ова операториве ама T-mobile се курваришта тешки

Deni:
Копај нов бунар - ама не плукај во стариот. Може да е полош од првиот.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија