Добро утро дечки, ми треба една консултација вака насабајлечки. Сестра ми го оставила Пунтото со вклучено радио во саботата (23.10.) на паркингот на аеродромот и вчера навечер слета и нормално се испразнил акумулатор (лани купен Ронбат). Тргнав по неа, среќа најдов кабли од еден комшија, пробав таму со кабли ама ништо работа, па да се преслушам со вас да не згрешив во чекори. Следна постапка: Наместени каблите, мојата кола работи а нејзината беше без конктакт (или треба да биде со вклучен контакт?!?), после 5 минути ништо работа, пробав уште 5 минути, пак ништо. Беа премрзнати со другарките па баталив и ги однесов дома. Дали треба подолго време да го полнам нејзиниот акумулатор со кабли? Дали е толку исцрпен што ќе мора со полнач да се полни? Денеска попладне пак ќе одам па на памет сум да го извадам акумулаторот и убаво да се наполни или нешто треба да сменам во постапката?